Како да се објасни Визингот (свирење на градите) во раната детска возраст
Визингот или народно кажано свирење на градите кај децата, секогаш ги загрижува родителите, особено ако е поинтезивно во вечерните часови. Др. Николовски, педијатар во Неуромедика вели: Се што свири не е знак на астма и за младите родители објаснува подетално за визингот.
Како да се објасни визингот во раната возраст?
Кога на Вашето бебе му свират градите тоа значи дека неговите дишни патишта се анатомски многу мали ( тесни и куси ). Затоа посебно при плач и вознемиреност се слушаат свиркави шумови при неговото дишење. При спиење тие се тихи до нечујни, а кога е будно и возбудено тие се засилуваат. Визингот воглавно се јавува при експириум (кога детето го издишува воздухот од белите дробови).
Во состојба на прелада се создава густ секрет кој ги стеснува дишните патишта поради што се слушаат шумови од неговите гради од појак интензитет.
Кои се можни причини за Визинг ?
- Алергии ( предизвикуваат густ секрет во носето на бебето или грлото заради експонирање на загаден воздух или при употреба на нова храна. Сепак ова е ретко пред првата година од животот)
- Бронхиолитис ( вирусна, долна респираторна инфекција која е почеста во зимските месеци и кај деца на адаптирана храна.)
- Астма ( Понекогаш, но не и секогаш, визингот е индикатор за астма. За да се каже дека детето има астма, треба да има повеќе епизоди на визинг при што педијатарот ќе назначи неопходни тестови )
- Други причини ( во ретки случаеви визингот може да е предзнак за хронично конгенитално заболување како што е цистична фиброза, пнеувмонијата или црната кашлица )
Родителите треба да запомнат дека секоја температура нас 38 С кај доенче под 6 месеци мора да биде прегледано од педијатар.
Која е соодветна терапија за Визинг кај децата?
Терапијата зависи од причината за појава на Визинг. Најчесто педијатрите советуваат уптреба на
- навлажнувач на воздухоѕ
- аспирација на секретот од носот со гумена пумпица
- константна рехидрација (да се даваат многу течности )
- примена на инхалатор во домашни услови.