Проф. Д-р Бисерка Јовковска – Ќаева е специјалист пулмоалерголог во Неуромедика
Проф. Д-р Ќаева е субспецијалист пулмоалерголог и редовен професор по предметот интерна медицина на Медицински факулет во Скопје. Во својата досегашна работа учествува во научно наставната дејност на студентите по медицина, стоматологија како и на високите школи за медицински сестри, рентген техничари и физиотерапевти. Таа е автор и коавтор на повеќе од 250 научно стручни трудови објавени во земјата и во странство. Автор е на повеќе поглавја од областа на пулмологија и алергологија.
– Прирачник за лекари – Современа дијагностика и терапија во медицината (2000)
– Учебник по интерна медицина (2003), практикум за вежби по интерна медицина и пропедевтика
– Учебник за интерна пропедевтика и многу други
Член е на македонското и европското респираторно здружение, како и европската академија за алергологија и имунологија.
Нејзин посебен предмет од интерес се болестите на плеврата (белодробната марамица) и плевралниот излив, област од која е и нејзината докторска дисертација (1994). Значајно допринесува за воведување на ултразвукот на граден кош на клиниката за пулмологија со што допринесува во дијагностицирањето, следењето и терапијата на болните со болест на белодробната марамица и плеврален излив, како детекција, следењето и дијагностицирање на периферните белодробни сенки. Така клиниката за пулмологија стана меѓу првите во поранешните југословенски простори во дијагностиката и примена на интервентните процедури на градниот кош под ултразвук. Тоа се :
– Дијагностичка плеврална пункција (сепарирање на малигниот од бенигниот плеврален излив)
– Терапевтска торакоцентеза (евакуација на плевралната течност и олеснување на диспнеата, односно лекување на рекурентен плеврален излив, карактеристичен посебно за малигниот плеврален излив).
– Поставување на pleuracan (систем за дренажа на плевралната течност во домашни услови)
– Слепа плеврална биопсија (земање на парчиња од плеврата за хистологија и диференцирање на малигни од бенигни изливи).
– Следење и дијагностика на периферни белодробни сенки
Во својата досегашна работа како на оделот така и во единицата за инвазивна дијагностика на клиниката за пулмологија и алергологија, активно учествува во дијагностицирањето и лекувањето на најбројните болни од респираторната палета на болести како што се болните со ХОББ (хронична обструктивна болест), астма, пневмонија, белодробна емболија. Но, не е мал бројот ни на болните со плеврален излив, како најчеста манифестација на едно плеврално заболување. На овие болни отпаѓа повеќе од 25 % од сите болни со респираторна патологија. Спектарот на заболување и болести надвор од белите дробови до манифестација на системски болести и примарни плеврални заболувања.
Нејзининиот интерес, искуство и ангажман во оваа област вродува со издавање на монографијата „Болести на плеврата“, досега единствениот учебник – помагало во оваа област во нашата Република. Со нејзиното излегување значајно се олесни и подобри лекувањето, не само на најчестите причинители на плевралниот излив, туку и на дијагностицирање, лекување на поретките поединечни и помалку познати причинители. Денес значајно место имаат и болестите на современиот свет како причинители на плеврален излив како што се миокардниот инфаркт и операција на отворено срце како и бројни имунодефициентни болести.
Вашиот преглед, консултација или термин, кај Проф. Д-р Бисерка Јовковска – Ќаева, може да го закажете на 02 3133 313