Зошто педијатарот е од клучно значење во животот на децата
Педијатрите се експерти кои се грижат за здравјето на доенчињата и на децата. На новороденче му треба посебна грижа и моментална медицинска помош за време на раѓањето. Покрај примарната грижа после раѓањето на бебето, на секој родител му е потребна помош и навремено водство од педијатар за подобар раст и целокупен развој на своите деца.
Токму затоа, потребно е да одберете педијатар кој ќе ја „води “ здравствената состојба на детето додека не порасне.
Довербата која што децата ја имаат кон своите лекари е исто така од голема важност бидејќи на тој начин ќе соработуваат подобро и ќе му овозможат на лекарот да постави точна дијагноза на состојбата, доколку детето не се чувствува добро.
Болницата Неуромедика, чија цел е најдобра здравствена услуга за сите пациенти својот медицински тим од специјалисти го зајакна со Проф. Д-р Љупчо Николовски.
Сега можете да се јавите на 02/313 33 13 и да зaкажете термин за преглед и консултација со Проф. Д-р Љупчо Николовски и да бидете постојано во тек со здравјето на Вашето дете.