Human papilloma virus (HPV) – Дијагноза и третман
Пишува: М-р Д-р Елизабета Миланова, специјалист по гинекологија и акушерство
ХПВ е најчесто сексуално преносливо заболување. Долги години станува збор за светска пандемија која ги зафаќа во најголем случај клетките на грлото на матката, на вагината, вулвата и пенисот кај младите кои се сексуално активни. Во зависност од неговиот тип, ХПВ навлегува во клетката домаќин и како паразит ја става во своја служба. Taa почнува да создава протеини кои ќе го поткрепат размножувањето на вирусот во афектираното ткиво.
На тој начин се создаваат познатите CIN 1, CIN 2, CIN 3 промени како и карциноми. Одговорот на клетката може да биде различен, во најдобар случај може да ги отфрли нападнатите клетки, а во налош случај, доколку на време НЕ БИДЕ детектиран да предизивика сериозни заболувања.
Одговорот зависи од имунитетот на организмот.
Постојат околу 150 ХПВ типови на вируси, од кои околу 50 го напаѓаат гениталниот дел кај мажот и жената. Поделени се на:
– високо ризични: тие водат до преканцерозни и малигни заболувања
– ниско ризични: тие предизвикуваат CIN 1 ранички и брадавици односно кондиломи
ДИЈАГНОСТИЧКИ МЕТОДИ
Постојат 4 методи кои имаат различна дијагностичка моќ.
Првата метода е земање на брис за цитолошка анализа, ПАП, тој има 50% моќ да дијагностицира присуство на ХПВ.
Втората метода е колпоскопија или возуелизација на грлото на матката по пребојување.
Третата метода е ХПВ типизација. Во зависност од лабораторијата и техниката на изведување, има од 80% до 92% вредност. Во повеќето лаборатории се испитува ДНК на ХПВ кои се најчести причинители на ниско и високот ризични лезии.
Четвртата метода која ја дава дијагнозата е хистопатолошко иследување на земен материјал од оштетеното ткиво. Врз основа на дијагнозата пристапуваме кон третманот
ТРЕТМАН
Кај нискоризичните лезии предизивикани од високоризичен вирус, нападнатото ткиво го третираме со ласер. Истата терапија – ласерот се применува кај CIN 2 промените на грлото на матката како и сличните промени на вулвата и антигениталната регија. На тој начин спречуваме поголемо проширување на вирусот во ширина и длабочина кое ќе изискува хируршко лекување,
Ласерот има своја предност во лекувањето на брадавиците, кондиломите во овие регии, бидејќи е безболен и трајно ги отстранува промените. Не останува никакво оштетување, за 3 недели на местото на третираната раничка доаѓа нов епител кој нема ХПВ. Ласерот не го скратува грлото на матката што би се одразило врз подоцнежното изнесување на плод.
CIN 3 и CIS преканцерозните, се лекуваат со оперативен третман.