ИНТЕРВЈУ СО МАРТИН ВЕЛИЧКОВСКИ, АСИСТЕНТ МЕНАЏЕР: ВАЖНО Е РАБОТАТА ДА СЕ СФАТИ СЕРИОЗНО И ДА СЕ РАБОТИ ПОСВЕТЕНО
Во серијата интервјуа што следуваат разговараме со вработените во Неуромедика кои имаат најдолг стаж. Зборуваме за нивните почетоци, за годините кои што поминале и што научиле од нив, за професионалните предизвици и пораката која што сакаат да ја пренесат на своите нови колеги.
Мартин Величковски, асистент менаџер во поликлиника Неуромедика Куманово
Колку време сте дел од Неуромедика, како започна Вашата приказна?
Мојата професионална приказна со Неуромедика започна во јули 2006 година, во тогашната поликлиника Медика – Неуромедика во Куманово. Би рекол дека во вистинско време се појави можноста бидејќи претходно работев на позиција во друга компанија каде што не бев среќен, работата не ме исполнуваше и посакав промена. Денес, со задоволство можам да кажам дека мојата приказна успешно трае веќе 15 години. Во времето кога јас се вработив, Неуромедика беше чекор пред сите останати приватни установи, а така е до ден денес. Од поликлиника брзо прерасна во болница, токму заради квалитетот на здравствени услуги кои што нудеше и се уште го нуди, благодарение на фактот што сите врвни специјалисти се дел од медицинскиот тим.
Дали се сеќавате на чувството кога првпат започнавте да работите во Неуромедика, како беше тогаш, колку Вие се променивте низ годините?
Да, секако се сеќавам. Посебно се сеќавам на чувството кое го имав, тоа беше предизвик кој едвај чекав да го преземам, бидејќи доаѓав од целосно друга област која немаше конекција со здравството. Но, бев среќен што влегувам во прв приватен македонски здравствен бренд, каде што се сретнав со искусни, квалитетни менаџери, професори, доктори, медицински и технички кадар кој веднаш ме прифати. Но, морам да нагласам дека најголем ментор тогаш ми беше и сè уште е Д-р Емил Угриновски, кој посветено работи 24/7, се вложува максимално, ја надградува институцијата со квалитетен кадар од секоја гранка.
Кога кон работата се пристапува професионaлно и посветено, неминовно е да се научи многу од истата. Дали Вашиот случај е таков, колку научивте и се надградивте себеси низ годините?
Точно така, тоа е случајот и со мене. Навистина се променив и надградив себеси со секоја помината година. Неминовно е работата да ве профилира дополнително како личност, ја зголемува одговорноста кон професијата и сето тоа буди желба за уште поголема посветенест, а со тоа и успех. Уште една професионална карактеристика која што ја совладав е духот за тимска работа, што е од особено значење кога работите за еден толку голем и значаен бренд.
Со кои врвни медицински имиња сте работеле досега додека сте дел од медицинскиот им на Неуромедика?
Бидејќи мојата работна позиција е асистент менаџер, сум имал можност да соработувам со многу колеги од врвни институции од Македонија во делот организација и менаџмент, а посебно задоволство ми е да истакнам дека благодарение на фактот што во Неуромедика работеле и сè уште работат најдобрите специјалисти во својата област, имав можност да научам многу од нив во поглед на посветеност, професионалност и доследност.
Која е пораката која би сакале да ја пренесете на идните колеги?
Би сакала да им нагласам дека успешноста во работата и напредокот на работната позиција зависи од вас самите, но и менаџерот, лидерот на компанијата од кој секогаш можете да научите многу, доколку ги следите инструкциите и што е уште поважно имате меѓусебна соработка, како со претпоставените, така и со колегите. Тоа што ме научи моето 15 –сет годишно искуство е дека на работното место покрај професионалната надградба, се стекнуваат и многу пријатели, се запознаваат личности кои значат нешто во светот на бизнисот. Сè на сè, важно е работата да се сфати сериозно и да се работи посветено.