Зошто треба да се одлучите за промотивниот гинеколошки пакет кој вклучува преглед со ехо, ПАП и колпоскопија?
Пишува: М-р Д-р Елизабета Миланова, специјалист по гинекологија и акушерство
Грижата за сопственото тело е навика која е потребно да се стекне како што налагаат годините. Редовните гинеколошки прегледи кај младите девојки и кај жените се прават на 6 месеци, освен ако не се јави потреба порано да се посети доктор заради новонастаната ситуација.
Како што веќе сте информирани во тек е промотивна акција – гинеколошки пакет кој вклучува преглед со ехо, ПАП и колпоскопија, а цената е 3500 денари.
Што значат сите овие прегледи – која е нивната цел?
Земање на брис со ПАП
Се зема со нежна четкичка и шпатула од грлото на матката и околината, се испитува размаз од клетки на стакленца за присуство на инфекција или промена на клетките.
Колпоскопија
Со 40 кратно зголемување со колпоскоп во две последователни премачкувања се визуелизира видот на раничката на матката.
Ехо
Со помош на вагинално и абдоминално ехо сонда се визуелизираат матката и јајчниците како и околното ткиво.
Бимануелен вагинален преглед
Се прегледува жената за евентуално постоење на отстапувања во градбата на внатрешните генитални органи.
Важно е да се напомене дека сите прегледи се безболни.