Што е остеопороза и кога се јавува?
Пишува: Проф. Д-р Ѓорѓи Зафироски – Специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија
Остеопорозата е болест на коските која доведува до слаби и кршливи коски, така кршливи што со едно обично паѓање или слаб стрес како што е наведнување, седнување , кашлање,кивање или завртување може да доведе до кршење на коска.
Скршениците кои се должат на остеопороза настануваат во предел на колкот, пршлените и рачниот зглоб но секоја коска може да биде скршена.
Белата раса и азиските жени, особено постари жени кои се во менопауза се во поголем ризик. Лекови за остеопороза, здрава исхрана и оптеретувачки вежби може да помогнат да се превенира коскената загуба или да се зацврстат веќе ослабените коски.
Дефиниција за остеопороза према СЗО гласи : намалување на густината на коскената маса на единица волумен за – 2,5 ст.девијации под здрава нормална коска на 30 г. возраст со што доаѓа до пореметување на архитектониката на коската и склоност кон фрактури.
Коската е живо ткиво – жив орган кој постојано се менува се гради и се разградува. Остеопороза се појавува кога создавањето на нова коска се намалува, а разградувањето на старата коска се зголемува.
Остеопорозата ги зафаќа жените и мажите на сите раси.
Важност: Остеопорозата претставува голем глобален здравствен проблем во светот. Од остеопороза боледуваат милиони луѓе. Само во САД- 30 милиони, а уште 20 милиони се кандидати за остеопороза. Затоа се вика тивка епидемија на денешницата. Во САД годишно се случуваат околу 2 милиони остепоротични скршеници и тоа 800 илјади на пршлени 400 илјади на колк, 300 илјади на рачен зглоб и 500 илјади на другите коски. Како илустрација во САД за хронични срцеви заболувања трошат 8 милијарди долари , за астма 10 милијарди , а за остеопороза 18 милијарди долари.
Се претпоставува дека во иднина ќе има знатно поголем број на лица со остеопороза бидејки популацијата со стари лица се зголемува поради продолжување на векот на живеење, а исхраната и стилот на живеење станува се повеќе во прилог на развивање на остеопороза.
Пациентите со тешка форма на остеопороза и компликации од истата се неподвижни со неиздржливи болки. На овие болни секогаш им е потребна туѓа нега и помош. Доколку не се отпочне со навремено лекување имаат лоша прогноза.
Превенција
Внес на калциум 1000-1200 мг- млеко и мл. Обезмастени производи
Зеленчук, риби, лосос, сардини
Соја, грав, кромид, лук, зелка, карфиол, магдонос, овошје, сок од портокал
Внес на Д- витамин, јајце, џигер, риби- 600-800 ЈЕ и до 4000 ЈЕ е безбедно
Вежби во младоста , но и во тек на цел живот, пешачење, џогирање, трчање, скокање, скијање, јога,пилатес,фитнес
Потребно е да се напрви dexa scan дијагностика. Во Неуромедика го имаме еден од најдобрите холоџик апарати за дензитометрија Стратос.
Препораки на СЗО
Декса е златен стандард за мерење на ГКМ
БМД-скрининг треба да отпочне на 65 г. кај сите жени
Доколку има ризик фактори после 50 г. доколку има фрактура и порано
ФРАК секоја година, ДЕКСА секоја втора година
Пратење на успешноста од лекувањето
Добра вест е што остеопорозата може да се превенира и може да се лекува
Најдобро е да не дојде до првата фрактура бидејки после неа обично доаѓа и до други фрактури.