М-р Д-р Елизабета Миланова, специјалист по гинекологија и акушерство е дел од медицинскиот тим на Неуромедика
М-р Д-р Елизабета Миланова, специјалист по гинекологија и акушерство е новото засилување во медицинскиот тим на болницата Неуромедика. Со себе носи 31 годишно работно искуство и професионализам. Кариерата ја започнува со специјализација на ГАК во 1996 година. За време на својата професионалона надградба решава да оди скалило погоре и подготвува магистериум во траење од 4 години на тема „ХПВ и предиктивни вредности на дијагностичките методи“. Тоа го смета за еден вид субспецијалност, но тоа што најмногу ја привлекло да биде гинеколог е акушертвото.
„За мене беше и се уште е посебно е чувството кога сте дел од раѓање на нов живот. Додека бев на студии на медицинскиот факултет, предметите гинекологија и психијатрија ги прочитав и подготвив за еден ден. Во тој момент ми беше јасно дека мојата специјалистичка определба ќе биде или едното или другото.“ – вели Д-р Миланова.
Од сега ќе може да се закажуваат прегледи кај Д-р Елизабета Миланова, која има големо гинеколошко искуство зад себе – при водење на бремености, брзо дијагностицирање на новонастанати состојби, можност за лекување, посебно на ХПВ здравствени состојби и многу други секојдневни гинеколошки состојби.
Можете веднаш да закажете преглед, доколку имате потреба, на 02/313 33 13.