Вардар по 18 години повторно го освои Купот на Македонија – Неуромедика гордо стои зад шампионот!
мај 23, 2025Новости
По цели 18 години, фудбалскиот клуб Вардар се врати на тронот освојувајќи го Купот на Македонија, носејќи радост и гордост на своите навивачи и целата спортска јавност. Во финалниот натпревар кој се играше во возбудлива атмосфера, „црвено-црните“ покажаа непоколеблива борбеност и заслужено го подигнаа трофејот.
Неуромедика, како долгогодишен партнер и поддржувач на спортот, со особено задоволство ја продолжи својата соработка со Вардар, обезбедувајќи медицинска поддршка и спонзорство на тимот во текот на сезоната. Нашиот медицински тим беше присутен на сите клучни натпревари, вклучително и финалето, обезбедувајќи здравје, сигурност и професионална грижа за играчите.
Честитки до Вардар!
Неуромедика – партнер на вашето здравје.