СИСТЕМАТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ МОРААТ ДА БИДАТ КВАЛИТЕТНИ ЗА ДА БИДАТ ВЕРОДОСТОЈНИ
Свесноста за извршување редовни превентивни прегледи се подигна со донесување на соодветен Закон за безбедност и здравје при работа, кои работодавачите се обврзани да ги обезбедат во пропишани рокови.
Иако логиката вели дека со нивното извршување сите засегнати ќе имаат подобар увид во здравствената состојба на поединците, не секогаш фокусот е на квалитетниот здравствен преглед и обезбедувањето подобри услови за работа, туку само исполнување на бараната законска обврска.
Законодавците го предвиделе и стандардизирале минимумот, но оставено е место во зависност од проценката на ризикот на работното место, како и карактеристиките на одредени професионални ризици или штетности, да се извршат и дополнителни испитувања или прегледи. Оттука, најдобрата грижа за здравјето на вработените всушност се демонстрира со обезбедениот квалитет на здравствени услуги, преку изборот на здравствена установа која се води од професионалноста и користи современа медицинска апаратура.
„Неуромедика“ е горда на својата историја и започнување со работа во 1992 година, за денеска по 31 година да биде лидер во обезбедувањето на квалитетни здравствени услуги. Во одделот за Медицина на труд се изведуваат прегледи не само за вработени од компаниите, туку и за поединци кои имаат потреба од сертификат за својата здравствена состојба како основа за вршење на некоја дејност: лекарско уверение за вработување и работоспособност, лекарски уверенија за кандидати за возачи или пак професионални возачи, но и при вработување во странство или работа на брод.
Дополнително, надвор од основните пакети за превентивни прегледи, се нудат и пошироки пакети за евалуација на здравствената состојба, кои се диференцираат како менаџерски пакети за мажи и жени, ВИП пакети, или едноствано дополнителна палета на испитувања по избор при систематски прегледи.
Својата лидерска позиција „Неуромедика“ ја докажува и со проширување на понудата за извршување на систематските прегледи во сите градови од државата, на терен или директно во компаниските простории, а дополнително може и да учествува во процената на ризиците и безбедноста на здравјето за дадено работно место.
Предвидените законски казни не се „најголемото зло“, бидејќи нарушеното здравје на работниците нема цена од хуман аспект. Дополнително, од менаџерски аспект гледано, влошената работна способност на еден човек ќе доведе до чести отсуства и загуби во работењето поради нереализираните обврски. Оттука, инвестицијата во квалитетен здравствен преглед не значи само запознавање со здравствената состојба на вработениот, туку и препознавањето на идни попречености во работењето со човечките ресурси.
За да побарате понуда за систематски прегледи за Вашата компанија јавете се на 13 301 или преку елекртронска пошта на адресата: sistematski@neuromedica.com.mk