Проф. д-р. Миодраг Врчаковски одговара на прашањето што е дискус хернија?
Многу честа состојба, кај генерално повозрасната популација, се болки во грбот чија дијагноза е дискус хернија.
Тоа е состојба која го хендикепира пациентот, состојба која го депримира, прави нерасположен и го спречува да си ги врши нормалните секојдневни функции, со големо незадоволство поради болката што ја чувтсвува.
А всушност е состојба во која нашите „перничиња“ ја губат својата фунцкија во амортизирање на нашите движења. Ако се случи оштетување на ѕидовите на периферијата на дискусите тогаш централната желатинозна материја си го пробива својот пат кон површината, пробивајќи ги ѕидовите со што излегувајќи надвор прави проблем со притисок на одредени нерви.
Подетално за тоа што е дискус хернија, кои се главните симптоми, дали постои можност за третирање и повлекување слушнете го проф. д-р. Миодраг Врчаковски, специјалист неврорадиолог.
Проф. д-р Миодраг Врчаковски
Специјалист по неврорадиологија