Науч. сов. Д-р Светлана Станковиќ

Науч. сов. Д-р Светлана Станковиќ
Специјалист по интерна медицина и хематологија

Тел: 02 3133 313
E-mail: neuromedica@neuromedica.com.mk 

Науч. сов. д-р Светлана Станковиќ е родена во Велеас, 1958г.

Образование:

Медицинските студии ги завршила на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во 1983 година.

Специјализацијата по Интерна Медицина  ја завршува во 1990г. а супспецијализација по Хематологија  во 2001г.

Докторската дисертација на тема „Евалуација и прогноза на мултипен миелом“ ја одбрани во 2000г.

Работно искуство:

На Клиниката за хематологија работи од 1984г.:

Од 1992-2005г. е Раководител на Кабинетот за хемостаза;

Од 2006-2017г. е Раководител на Амбулантно-поликлиничкото одделение;

Од 2018- 2022г. е Раководител на Одделот за малигни хемопатии;

Од 2023-2025г. е Медицински советник на Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија.

Автор на:

Монографија “ Мултипен миелом и други плазма-клеточни дискразии“ (2022г.)

Како коавтор учествувала во изработката на повеќе учебници по Интерна медицина : Интерна медицина за тригодишни студии на медицински сестри (2022г.), Интерна медицина (2020г.), Интрна медицина – Практикум за вежби (2004), Клинички испитувања во Интерната медицина (2004г.)

Има објавено  175 труда како автор или коавтор.

Присуствувала на повеќе домашни и интернационални семинари и работилници како предавач или учесник.

Член е на Македонско лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија, Здружение на хематолози на Mакедонија, EHA (European Hematology Association), WFH (World Federation of Hemophilia), ISTH (International Society of Thrombosis and Hemostasis).

Во 2003г. има остварено студиски престој во Одделот за трансплантација на коскен мозок и периферни стем клетки во Hematology Hospital at Charite, Medical Faculty of the Humboldt University in Berlin, Германија. Во 2016г. остварила студиски престој поради стручно усовршување од областа на подобрување на клиничката пракса во терапија на мултипен миелом, миелодиспластични синдроми и акутни леукемии, во Christie Hospital (The Christie NHS Foundation Trust – Hematology Department) во Manchester, UK.

За време на своето долгогодиѓно клиничко искуство особен интерес покажувала кон дијагностицирање на ретки хематолошки состојби и синдроми како ТТП (тромботична тромбоцитопенична пурпурa), аквирирана хемофилија, Sy Bernard-Soulier, Sy Gulian-Barre, POEMS sy; кои се обработени во нејзините авторски трудови кои се презентирани како во земјата така и на интернационално поле.

др светлана станковиќ