🌸 Март – Месец посветен на женското здравје
🌸 Март – Месец посветен на женското здравје
Во месецот кога ја славиме жената, ја ставаме грижата за здравјето на прво место. Превенцијата е најважниот чекор кон сигурност, мир и долгорочно здравје.
Во текот на месец март, подготвивме специјални пакети со -50% попуст, внимателно креирани, со цел навремена дијагностика и превенција.
🎀 Промотивни пакети:
🔹 Гинеколошки пакет
Сеопфатен пакет за редовна годишна контрола, кој вклучува:
• Гинеколошки преглед
• Гинеколошко ехо
• Колпоскопија
• ПАП тест
Овој пакет овозможува рана детекција на промени и целосна гинеколошка проценка.
🔹 Радиолошки пакет
Пакет за превенција и рана детекција на промени на дојките, кој вклучува:
• Специјалистички преглед на дојки
• Ехо на дојки
• Мамографија
Редовните контроли се особено важни по 40-тата година, но и порано доколку постои индикација.
🔹 Ортопедски пакет
Пакет насочен кон здравјето на коските и превенција од остеопороза, кој вклучува:
• Ортопедски преглед
• Коскена дензитометрија (DEXA scan)
По 45-тата година се препорачува редовна проверка на коскената густина со цел намалување на ризик од фрактури.
🔹 Ендокринолошки пакет
Пакет за контрола на хормоналниот баланс и функцијата на тироидната жлезда, кој вклучува:
• Ендокринолошки преглед
• Ехо на тироидна жлезда
• Лабораториско испитување на TSH
Навремената контрола овозможува рано откривање на нарушувања во работата на тироидната жлезда.
❤️ Инвестирајте во вашето здравје
Не ја одложувајте грижата за себе. Закажете термин навреме и искористете ги мартовските попусти.
📅 Понудата важи од 1 до 31 март.






