fbpx

Новости

За поголеми насмевки и дострели во животот и спортот на Марко Пејчиновски

Болница Неуромедика дел од медицинскиот тим на Марко

Марко Пејчиновски е 12 годишно ведро и насмеано дете кое, како и секој тинејџер е полн со енергија. До пред неколку години главна пасија на Марко бил фудбалот. Но тоа се променило со добивање на инфаркт на коска на колк или таканаречена некроза на нога. Некроза на ногата е заболување кое го попречува нормалниот проток на крв до ногата поради што се јавуваат проблеми со моториката. Од тој момент, по препорака на доктори, Марко својата енергија ја пренасочува кон пливањето, прво терапевтски а потоа и кон аматерски дострели се со цел кревање на свеста кон ретките болести.

 

Се со цел подобро дијагностицирање, третман и следење на сите здравствени сотојби на Марко, Болница Неуромедика и стручниот тим на врвни експерти ќе бидат дел од медицинскиот тим кој го следи и третира Марко. Дел од стручниот тим е секако еминентниот проф. Д-р Мирче Симеонов, спец. трауматолог кој ќе ги следи и третира состојбите на колкот.

Континуираното следење на состојбата и навремено реагирање и третман се клучните елементи на кои сакаме да обрнеме внимание во време на раст на малиот Марко – изјавија од Болница Неуромедика.

При посетата на Болница Неуромедика, Марко имаше средба и со генералниот менаџер д-р Емил Угриновски, на која разговараа за искуствата во спортот, достигнувањата и препреките како и за идните планови. Д-р Емил Угриновски, поранешен спортиста но сеуште голем љубител на спортот продолжува со поддржување на спортистите преку голем број на медицински поддршки на спортисти и спортски клубови од врвен ранг во Македонија.

Сподели

Напишете коментар