Новости

Труење со храна или стомачен вирус?

Често можеме поради сличната сиптоматологија да незнаеме дали се работи за труење со храна  или за стомачен вирус? Затоа ни е битно и од голема важност да знаеме како да ги разликуваме овие две состојби за навремено и  правилно да се третираат.

Стомачниот вирус и труење со храна ги предизвикува бактерија или вирус, а разликата е во начинот на кои сме изложени на заразата. Труење со храна настанува како резултат на конзумирање на храна која е контаминирана односно заразена  со патоген, а додека стомачниот вирус може да се пренесе на повеќе начини, но најчесто преку валкани раце односно негихиена.

Сиптомите се многу слични при стомачен вирус и труење со храна.

Како: грчеви во стомакот, покачена температура на телото, ладна пот, мачнина, дијареја, намален апетит, болки во мускулите и зглобовите, главоболка и повраќање.

Но најбитно од се ова е времето на развој на сиптомите.

При труње со храна сиптомите се јавуваат за неколку часа по изложеност на заразата, за разлика од тоа кај стомачен вирус сиптомите се јавуваат за временски периот од 23h до 48h од заразата до првите сиптоми.

Лекување

Од особена важност во лекување при двете состојби е хидратација на нашиот организам.

Неопходно е да се конзумира  поголема количина на течности: вода, чаеви, свежи сокови, а во однос на исхрана препорачливо е во првите неколку дена тоа да биде лесена исхрана: двопек, банана, ориз, супа итн.

Превентива

Во сезона на стомачни вируси најдобра превентивна мерка е миење на раце, особено ако сте биле во контакт со веќе заболено лице и јакнење на имунолошкиот систем со здрав и правилен начин на исхрана.

Препорака е да се избегнува купување на сокови од продавници како и брза храна особено во летниот период од годината.

Совет: сиптомите како дехидратација, крв во столица, абдоминални болки и нагло губење на телесна тежина, не смеете да ги игнорирате – Задолжително посетете го вашиот матичен лекар!

д-р. Рената Грозданоска

доктор по општа медицина

Сподели

Напишете коментар