fbpx

Новости

Техники во операции кои се запишани во светската медицинска историја

Д-р Владимир Дугалич, единствен хирург на овие простори кој изведува интервенции со метода запишана во светската медицинска историја, дел од тимот на одделот Хирургија во Болница Неуромедика

 

 

Д-р Владимир Дугалич, општ хирург е единствениот хирург на овие простори кој ја извршува техника „тунел во црн дроб“, интервенција која до сега е реализирана на повеќе од 20 пациенти, а се изведува единствено во Србија, матичната земја на д-р. Владимир Дугалич, и во Милано, од страна на д-р Гвидо Торзили, таткото на оваа техника. Техниката на „тунел на дрн дроб“ која најчесто се применува кај карцином на дебелото црево со појава на  метастази во црниот дроб со незгодна локализација.

Д-р Дугалич, оваа техника за прв пат ја има видено во операциона сала во Милано, на лична покана од страна на д-р Торзили. Д-р Дугалич за прв пат техниката ја применил во 2017 во Србија, со што станува вториот хирург во светот и единствен на овие простори кој ја изведува.

Но, меѓународното работно искуство во третирање на заболувања на органи во абдоминалниот дел како трансплатација на црн дроб, трансплатација на црн дроб од жив донор, ресекција на панкерас, лапораскопска холецистектомија, видови на ресекција на желудникот, сите видови на ресекции на тенкото и тенкото црево, билатералната адреналектомија и нефректомија го прават д-р Владимир Дугалич исклучителен хирург кој третира најсложени случаи.

Во својата богата интернационалната едукација и искуство има посетувано светски познати клиники и центри како Венеција, Лондон, Париз, Верона, Цирих, Хајделберг, како и во Нагоја (Јапонија) кај водечките меѓународни експерти за хирургија со трансплантација, јапонските професори д-р Масатоши Макучи и д-р Акимаса Накао каде усовршувал трансплантација на црниот дроб од жив донатор. Едукација, знаење и искуство кое д-р Владимир Дугалич ќе го примени и во Болница Неуромедика.

 

Во Болница Неуромедика, д-р. Владимир Дугалич ќе биде дополнување на тимот на општи хирурзи и абдоменалци д-р. Бошко Ставрески и прим. д-р. Воислав Кајевски, при Одделот за општа и абдоменална хирургија.

Искусната хируршка екипа на Одделот за општа и абдоменална хирургија ги изведуваат сите хируршки интервенции, од наједноставни до најсложени. Интервенциите се вршат во модерни и современо опремени сали со најсовремена опрема и инструменти, во асептични услови и притоа се користат најсовремени средства за стерилизација и дезинфекција, се со цел обезбедување на оптимална заштита од инфекции на пациентите и здравствените работници.

  

Пред и по оперативните зафати пациентите се сместени во соби и апартмани кои се луксувзно опремени со најсовремени кревети и апарати се со цел побрзо и подобро опоравување.

      

За да ја закажете вашата консултација и преглед кај проф. д-р Владимир Дугалич јавете се на 02 3133 313 или на neuromedica@neuromedica.com.mk.

Повеќе за самиот доктор и интервенциите кои ги спорведува можете да прочитате на следниот линк: http://bit.ly/2PoKmOg  

 

Сподели

Напишете коментар