fbpx

Новости

Сино белите штркови на МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона со нова медицинска поддршка од страна на Болница Неуромедика

Пред почетокот на новата кошаркарска сезона, Болница Неуромедика, како голем поддржувач на спортот, го прошири своето друштво на пријатели со целиот кошаркарски тим на сино белите штркови, МЗТ Скопје Аеродром.

На денешната официјална средба на Генералниот директор на Болница Неуромедика – д-р Емил Угриновски и Тони Грнчаров, извршен директор на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром го потпишаа официјалното спонзорство за целосна медицинска поддршка на тимот.

Како што изјави генералниот директор на Неуромедика – д-р Емил Угриновски, на сите спортисти ќе им бидат обезбедени целосни медицинско – специјалистички прегледи пред почетокот на новата сезона, а воедно и целосна медицинска грижа целиот период додека трае истата. Кошаркарите ќе имаат медицинска грижа од врвни лекари специјалисти, физиотерапевти и останат медицински персонал на Болница Неуромедика.

„Вистинската медицинска поддршка, навремената и квалитена физикална терапија, прегледи од врвни специјалисти, најсовремени техники на опоравување и заздравување се сегменти кои секој професионален клуб треба да ги има за да постигнува врвни резултати. Напорните тренинзи, дисциплина, начинот на живот и исхрана ги креира спортистите со врвни резултати, но доколку сето тоа не се поддржи со квалитетна медицинска помош и следење тогаш нема да ги добиваме континуирано посакуваните резултати“, изјави Тони Грнчаров, извршниот директор на кошаркарскиот клуб. „Благодарни сме за новата соработка со Болница Неуромедика, на генералниот директор д-р. Емил Угриновски но и на професионалните и високо стручни и еминентни доктори кои се дел од Болницата“ – додаде Грнчаров.

Сподели

Напишете коментар