fbpx

Новости

Шест најчести дерматолошки состојби во детска возраст

Иако поголем дел од родителите се веќе запознaeни дека појавата и присуството на молуски, габички, па дури и скабиес (шуга) не се поврзани со хигиената во домот или негата за нивните деца, сепак се чувствуваат непријатно кога станува збор за овие дијагнози дадени во дерматолошка ординација. Свесноста за овие состојби е моќна алатка која им дава време на микроорганизмите да се пренесат на околината и на тој начин да се прошири инфекцијата.

Листата на 6 дерматози во детска возраст ја сочинуваат неколку состојби за кои родителите немаат храброст да зборуваат ниту да ги прифатат како присутни, особено кај своите деца или во своето семејство. Сите 6 дерматози не се контагиозни /заразни од моментот на започнување на лекувањето, па затоа веднаш штом забележите промени на кожата кај вашето дете, консултирајте се со дерматолог за да се спречи навремено пренесување на инфектот.

1 . Molluscum Contagiosum

Најчесто безболна, со непријатен изглед дерматоза која има највисока преваленца кај деца под 10 годишна возраст. Предизвикана од групата на Поксвируси кои се присутни не само на кожата туку и во облеката, пешкирите, мијалниците како и душеците за вежбање. Исипот се јавува 2 до 7 недели по контактот на детото со инфектот. Не постои начин за да се избегне појавувањето на оваа дерматоза. Добрата страна е во тоа што доколку еднаш се јави кај детето, нема да се појави повторно.

Први симптоми : Ќе забележите една или неколку бисерно бели, испакнати овални промени кои се со големина од 1-2 мм и имаат вдлабнат средишен/централен дел. Понекогаш можат да бидат пратени со јадеж, но најголем број од децата не ги чуствуваат како промени. Можат да бидат локализирани на било кој дел од телото, најретко се јавуваат на дланките и на стапалата.

Што да се превземе: Ако не се превземат терапевтски чекори, голема е веројатноста организмот самиот да се избори со оваа состојба. Меѓутоа тоа може да трае една дури и повеќе години, во кој период е висока контагиозноста на носителот према околината. Доколку се одлучите да ја третирате оваа состојба треба секако да се консултирате со специјалист дерматолог. Дерматологот ќе го избере најсоодветниот третман во зависност од возраста на детето, локализацијата на кожните промени како и тежината на клиничката презентација. Односно може препораките да бидат во насока на будно пратење на промените , доколку детето е многу мало, има голем број на промени или промени кои се во силно сензитивни регии како лице или препони.  Во останатите случаи, терапевтскиот третман има неколку модалитети:  локална терапија – со нанесување на крем ( 5% Immiquimod ), киретирање, криохирургија и електродисекција.

  1. Промени на усните ( Cold Sores)

Најчесто како причинител за овие промени на и околу усните, кои се полни со содржина која наликува на гној, се наведува херпес симплекс вирус тип 1. Бидејки херпес вирусот е пренослив преку плунка дури и во отсуство на промени на усните, голем дел од популацијата е носител на овој вирус до своите 20ти години  од животот. Кога еднаш ќе бидете инфицирани со херпес симплекс , вирусот останува во нервните влакна засекогаш и голем број на промени и настани можат да доведат до негово повторно активирање. Името “ cold sores” во англиската терминологија доаѓа оттаму што кога е присутна горно-респираторна инфекција настанува супресија на имуниот систем до тој степен да претставува тригер за херпес вирусот. Како тригер фактор може да биде сончевата експозиција, ветер, како и гризење на усните, стоматолошки третман или дури и недоволен сон /спиење.

Први симптоми: Инцијалната појава најчесто е и најтешка презентација. Промените можат да бидат големи, меки, болно осетливи и да се јават на повеќе од една локализација околу устата. Кај децата овие промени можат да бидат придружени и со отекување на непцата, инфламирани лимфни јазли и покачена телесна температура. По ова, вирусот навлегува во мирна фаза се до следната која може да биде за неколку недели, месеци или години или и да не се повтори. Научниците сеуште не утврдиле причина поради која кај некои деца и возрасни постои поголема склоност кон нивно повторно јавување. Кај децата овој вид на промени се навистина непријатна состојба (особено кај тинејџерите). Треба да нагласиме дека кај новороденчињата инфекцијата може да се прошири во мозочната маса и да преставува животно-загрозувачка состојба. Доколку забележите потенцијална појава за ваква промена, веднаш јавете се на специјалист дерматолог.

Што да се превземе: Во голем број случаи ќе поминат сами по себе во тек на 7 до 14 дена; доколку се пратени со болка тогаш се препорачува  употреба на аналгетик (од групата на бруфени или ацетаминофен) . Во екстремни случаи – кога промените се развиваат многу зачестено- лекар специјалист може да препише перорална антивирална терапија за вашето дете за да се намали тежината на инфекцијата и да се намалат повторните појави. ОТЦ препарати за топична употреба за намалување на болката можат да го забрзаат процесот на заздравување кај деца над 2 годишна возраст.

  1. Веруки/ Папиломи/ Брадавици

Овие безболни, бенигни, лесно елевирани промени во горниот слој од кожата кај децата се предизвикани од повеќе од 100 различни субтипови на хуманиот папилома вирус (ХПВ). Веруки на прстите , на стапалата, лицеви рамни веруки, генитални веруки – сите овие претставуваат промени кои настануваат од една фамилија на вируси. Станува збор за фамилија на вирусен тип која многу тешко може да се избегне бидејки се присутни кај голем процент од популацијата. Појавата на кожна манифестација како резултат на ХПВ вирусна инфекција е во директна корелација со состојбата на имуниот систем на детето.

Први Симптоми: Тие се варијабилни и зависат од типот на брадавицата. Најчестите форми се со мали димнезии, со нерамна површина и со боја како нормалната кожа, најчесто со локализација на прстите , на рацете, колената или лактите. Малите и мазни брадавици се карактеристични за лицевата регија кај децата и имаат висок индекс на размножување- кај децата бројот на брадавици како промени може да достигне и до 50 во една епизода. Плантарните брадавици, на стапалото, имаат бавен раст и се групирани во кластери.

Што да се превземе : Скоро секој терапевтски третман е пратен со болка кај децата. Доколку детето не е многу мало и не му сметаат овие промени во секојдневните физиолошки активности првата препорака е да се остават самите да поминат во период од најмногу 2 години. Доколку станува збор за плантарна верука редовната ексфолијација со триење (луфа, медицинско камче) ќе ја подобри состојбата. Прво го натопувате стапалото и потоа ја отстранувате омекнатата мртва кожа на површината. Доколку детето нема трпение за ваков третман обидете се со нанесување на ОТЦ препарати  за оваа намена пред спиење на регијата секоја ноќ. На овој начин отстранувањето ќе оди подолго за неколку недели . Исто така треба да се нагласи дека превенирањето на појава на плантарни веруки кај децата може да се постигне со носење на чевли/ папучи во средини како градинки, соблекувални, базени и сл.

  1. Габична инфекција ( Ring worm )

Оваа габична инфекција , позната повеќе како тинеа , може да се јави во било која регија на телото. Кај помладите деца честа е корелацијата на појава на инфекцијата со контакт со домашни миленици – куче, маче , морски прасиња, хрчаци па дури и животни од фарма ( теле, крава…) . Потоа децата меѓусебно ја пренесуваат инфекцијата преку употреба на заеднички униформи, дресови, четки или чешли за коса па дури и непосреден контакт. Габичната инфекција бара топла и влажна средина, која е присутна кај децата кои се активни.

Први симптоми: Се јавуваат еден ( или неколку ) овални/кружни промени со големина од 1цм, на чија површина се присутни сквамички и имаат елевирани рабови. Со текот на времето  самата промена постепено расте и при тоа централниот дел добива изглед на нормална кожа. На скалпот се презентира инфекцијата со еритемни, прекриени со сквами промени, каде е отпадната косата, понекогаш со видливи мали црни точки кои се корените на косата која е падната.

Што да се превземе: За малите промени н телото, ОТЦ антифунгални препарати можат да се употребуваат. Доколку е зафатен и скалпот и е голем бројот на промените тогаш најдобро е да се јавите на дерматолог за понатамошен третман и терапија. Доколку во домот чувате милениче кое слобдоно е околу вас и вашите деца низ домот , посетете го најблискиот ветеринар за да изврши преглед, и исперете ги облеките и постелнината на повисока температура.

  1. Глисти ( Pinworm)

Многу честа состојба кај предшколска и школска возраст на деца. Паразитарна состојба која се развива кога децата со нечисти раце јадат или доаѓаат во контакт со усната празнина .На таков начин тие внесуваат јајца од глистите кои во период од 1 до 2 месеци се во фаза на инкубација, по што се формираат нови глисти кои го населуваат тенкото црево , а женските адултни форми мигрираат до дебелото црево и положуваат нови јајца околу аналниот отвор при што се јавува јадеж кај децата. Со чешањето се пренесуваат јајцата на облеката , постелнината, играчки, училишна клупа и сите предмети со кои децата се во непосреден контакт. Овие глисти се во можност да преживеат на површините во период од 2 или 3 недели и да се пренесат на други деца кои ќе дојдат во контакт со нив.

Први симптоми: Доколку вашето дете има интензивен јадеж во глутеалната регија особено навечер, тоа е најдобар знак дека станува збор за присуство на глисти. За потврдување на инфекцијата , вашиот лекар ќе направи тест – целофан тест, кој се изведува на тој начин што наутро при преглед ќе се залепи парце целофан на кожата околу аналната регија на детето и веднаш ќе се отстрани и ќе се стави во посебен контејнер. Потоа лекарот пристапува кон микроскопирање на примерокот при што доколку се присутни јајцата се потврдува инфекцијата со глисти.

Што да се превземе: Вашиот лекар може да укаже на потребата целото семејство да биде лекувано со антихелминтска терапија, и тоа две дози . При тоа потребно е да се испере на висока температура облеката, долната облека, пижамите, пешкирите  и постелнината на целото семејство, и да се исушат на интензивна топлина.

  1. Шуга/ Скабиес

Оваа состојба треба да се прифати како наезда на инсект/бубачка. Се развива кога микроскопски малите грини се вгнездуваат под кожата на детето,обично во наборите. Тие се шират многу брзо во кожата преку правење на канали.  Во временска рамка помала од една недела голема е веројатноста целото семејство да биде инфицирано.

Први симптоми : Скабиесот е специфичен за дијагностицирање во првиот стадиум поради тоа што главниот симптом е јадеж, без кожна манифестација. Лекарот треба да направи целосен преглед на детето и на предилекционите места- стомакот, градите (околу брадавиците) , пубичната регија, превоите кај лактите, дланките, колената стапалата, глутеалната регија .

Што да се превземе: За оваа состојба не постојат ОТЦ препарати, затоа веднаш треба да се јавите на лекар. Најчесто лекарот препишува емулзија на перметрин , кој е безбеден за употреба и кај деца и доенчиња постари од 2 месеци. Кај малите деца ( од неколку месеци ) се практикува нанесување на емулзијата на целото тело од глава до стапала во тек на 8 до 12 часа. Кај постарите деца и возрасни, без разлика дали е присутна симптоматологија  или не, се нанесува од стапалата до вратот без главата. За комплетно отстранување на инфекцијата се препорачува сета постелнина, долна облека, облека, пешкири, крпи и пижами  да се исперат на висока температура.

Д-р Емилија Минова,

Специјалист дерматовенеролог,

Сподели

Напишете коментар