fbpx

Новости

Пациент во тешка медицинска состојба, пост оперативно транспортитан низ 7 држави од Hospital De Sambre-Avesnois во Молбеж (Maubeuge), Франција до Битола со должина од 4 800 километри

Медицински тим на Болница Неуромедика изминатите 3 дена изврши санитетски транспорт на пациент во тешка здравствена состојба низ седум држави од болницата Hospital De Sambre-Avesnois во (Молбеже) Maubeuge, Франција до Битола со поминати 4 800 километри од кои 30 часа поминати со пациент од вкупно 58 часа.

   

Шеестидевет годишена пациентка со преживеан обемен мозочен удар, во стабилна пост оперативна состојба, по направена  тромболиза и реваскуларизирачки оперативен зафат  беше транспортирана од болницата Hospital De Sambre-Avesnois во Молбеж (Maubeuge), Франција до Битола. Станува збор за пациентка со десна хемиплегија (комплетна одземеност на десната страна од телото) и бројни коморбидитети – атериовентрикуларна фибрилација и хипотиреоза. Во текот на целиот санитетски транспорт пациентот имаше континуиран  24 часовен надзор од високо стручен тим кој ја евалуираше состојбата преку мерење и мониторинг на сите параметри со совремна медицинска апаратура и администрација на соодветна медикаментозна терапија согласно најсовремени протоколи.

    

Медицинскиот тим на Болница Неуромедика составен од д-р Оливер Михаилов, медицинската сестра Наташа Фимчева и возачите Небојша Јовановски и Маријан Стојанов на високо професионално ниво го реализираа транспортот со најсовремено опремено амбулантно возило и специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти надвор од Македонија.

 

 

Сподели

Напишете коментар