Новости

НЕУРОМЕДИКА со 15.000 евра за РК Вардар ако повторно стане европски првак

Нови успеси со верни поддржувачи

Деновите се одбројуваат, возбудата расте а поддршка за РК Вардар за “Фајнал 4” турнирот во Келн од сите страни. Сите очи на 01 и 02 јуни ќе бидат вперени во РК ВАРДАР, македонската гордост. Гордоста да ја донесат во Македонија титулата европски првак, Болницата Неуромедика како најголем поддржувач ќе ја заокружи со 15.000 евра за РК Вардар ако повторно стане европски првак.

Посветеноста, борбената игра и успесите на македонските спортисти на теренот,  ја направи Неуромедика да продолжи и понатаму да биде најголем поддржувач на спортот со медицинска грижа на спортистите и медицинско обезбедување.

Првиот човек на Неуромедика Емил Угриновски како поранешен ракометар, лекар, спортски работник и директор на македонскиот ракометен колектив и голем вљубеник на ракометот, заедно со дел од менаџерскиот тим ќе навива и ќе ги бодри ракометарите на “Фајнал 4” во Келн за голема победа.

На овој начин сметаме дека сето ова ќе претставува дополнителна мотивација сите играчи да го дадат максимумот од себе и македонското знаме повторно се развиори највисоко на тронот и победничкиот пехар го донесат во Скопје.

Сподели

Напишете коментар