fbpx

Новости

Најважен животен натпревар одигран во Болница Неуромедика

За борба многу добро знам. Од моите родители, сопругата и ќерката, до сите ракометни натпревари кои ги имам изиграно. Но изминатите две години се период од нашиот живот кој на никого не му го посакувам. Период на неизвесности, тага, среќа, разочарување, континуирана борба, борба за здравје и живот. Пред две години бев опериран поради малиген процес на левата половина на дебелото црево во состојба на Илеус – преплет црева. Отстранет е делот од дебелото црево зафатен со патолошкиот процес како налагаат хируршките принципи и воспоставен континуитет на дебелото црево. Дијагнозата рак на дебело црево беше удар за целото мое семејство, но уште повеќе за мене. Операцијата и постоперативниот третман и активности беа нешто за кое мислев дека ги оставив зад мене.

Година дена потоа почнуваат тегобите со левиот бубрег. Болки во левиот слабински предел, честа појава на температури лечени со антибиотска терапија, во еден наврат изолирана Ешерихиа коли од урината.

Но за жал, животот со мене си поигра и повторно ја стави на тест мојата и силата на моите најблиски.

На рутинско испитување со  комплутерска томографија на абдомен и карлица детектирани се наголемени лимфни жлезди парааортално лево, задебелување на горна и средна третина на левиот уретер, плус ткиво околу утретерот, задебелување и некроза во еден дел на мускулот Псоас од левата страна, заради што е потребна оперативна интервенција.

Но јас бев решен повторно да го победам и да излезам како победник. Потребно ми беше да го добијам најдобриот тим за да го изиргам вториот најважен натпревар во мојот живот.

Капетанот на мојот тим е, за мене најважниот играч, пред се најголемиот и најдобриот човек, доктор, хирург, д-р Бошко Ставрески, специјалист по општа хирургија во Болница Неуромедика. Личност која по втор пат ми го спасува животот, личност која ја има мојата и на моето семејство неизмерна доверба. Состојбата во која бев беше комплексна, но д-р Бошко Ставрески го комплетираше тимот на врвни експерти, прим. д-р Воислав Кајевски, специјалист уролог, д-р Анкица Васовиќ, специјалист анестезиолог, сестра Марија, инструметарка, сестра Маријана, главната медицинска сестра и Мартина, анестетичар, кои повеќе од 8 часа беа на теренот на кој се бореа за моето здравје и живот.

Во Болница Неуромедика, д-р Бошко Ставрески како и секој одличен капетан неколку дена пред операцијата, покрај класичните предоперативни подготовки, ме подготвуваше со разговор кој на мене и на моето семејство ни беа повеќе од потребни. На денот на самата операција секој од докторите имаше одвоено повеќе од час и половина да разговара со нас за целиот процес и резултати, разговори кои делуваа терапевтски, нешто што до сега го немав доживеано во ниедна друга болница.

Самата операција захтеваше интраоперативно чистење на целиот ретроперитонеален простор од патолошкиот процес, бидејќи две третини од левиот уретер беа инфитрирани од патолошкиот процес и беше целоснио непрооден, а левиот бубрег повеќе од 6 месеци непокажуваше активност на лачење, се отстрани радикално.

Постоперативниот тек помина сосема уредно, виталните параметри за цело време беа стабилни, лабораторијските вредности во физиолошки граници. Бев беше отпушен на понатамошно домашно опоравување, во добра општа состојба со уреден локален наод.

Трпението и укажаната поддршка на целиот персонал на болницата беше нешто што се разликува од сите други. Одиграниот натпревар на најдобриот тим на Болница Неуромедика, д-р Бошко Ставрески, прим. д-р. Воислав Кајевски и д-р Анкица Васовиќ  поентираше со моето испраќање дома со солзи радосници на лицето.

Тони Шопов

Ракометар

 

 

Сподели

Напишете коментар