fbpx

Новости

Меѓународни принципи и практики во третирање на повреди

Спортувањето е одличен начин да се зајакне имунитетот и целокупното здравје на човекот. Но покрај само желбата потребно е и адекватна и континуирана припрема пред секој тренинг и со правилен пристап кон сите спортски активности, можете да ги избегнете непријатностите предизвикани со физичката активност.

  

Спортските повреди не се случуваат само кај професионалните спортисти. Меѓународната статистика вели дека од 10 до 15% од сите повреди се спортски. Остатокот меѓу повредените го сочинуваат спортистите – рекреативци, бидејќи нивниот тренинг не е прилагоден според нивните функционални способности и не се доволно физички подготвени за спортот кој што го тренираат. Недоволната информираност или неажурност може да доведе до повреди кои потешко можеме да ги третираме.

 

Неадекватно загревање, недостаток на кондиција и несоодветни методи за тренинг или прекумерени напори и акутна траума која е континуирано нетретирана се основни причинители за самите повреди.

Одредени повреди и болки можат да се третираат со физикална терапија со која може да се санираат болките. Но, понекогаш и сосема мали повреди ако не се дијагностицираат на време и не се третираат, доведуваат до сериозни проблеми кои, понекогаш, единствен начин да се отстранат е хируршки. 

Најдобриот пристап и третман на сите повреди на зглобови, лигаменти, менинскуси, како и сите останати спортски повреди го применува еден од најдобрите регионални трауматолози д-р. Владимир Сенекович. Специјалист трауматолог кој има докажано повеќедецениско искуство во хирургијата со решавање и на најсложените случаи во ортопедијата и трауматологијата кој работи и живее во Љубљана, Словенија е дополнување на тимот на трауматолози на Болница Неуромедика во Македонија.

Своето интернационално искуство во третирање на сите трауматолошки случаи, со помош на својот и тимот на Болница Неуромедика изминатите месеци го пренесува на пациентите на болницата.

Д-р Владимир Сенекович

Сподели

Напишете коментар