News

Од март, урологот д-р Деримачковски во Неуромедика

Неуромедика ја зголемува својата понуда за пациентите. Започнувајќи од месец март во просториите на клиники во Скопје и Битола, прегледи ќе извршува и д-р Горан Деримачковски, лекар-уролог, специјалист во клиниката Хил.

Ние ви нудиме најдобра уролошка грижа и услуги, а нашиот доктор ќе се погрижи вашата посета да биде пријатна и удобна.

Во делот на Урологија ќе се вршат следните услуги:

  • Анамнеза и проценка на тежината на симптомите на долен уринарен тракт по т.н. IPSS (International Prostate Symptoms Score)
  • Дигитален ректален преглед (DRE) на простатната жлезда
  • Трансабдоминална екографија на простатна жлезда со измерување на обемот и интравезикална проминенција
  • Трансректален ефографски преглед на простата со бипланарна сонда и измерување на обемот на транзиторната зона
  • Пресметување на PSA Density ( густина на PSA маркерот на простата) – кај пациенти до готов резултат на Tpsa
  • Урофлоуметрија – компјутерско испитување на млазот
  • Измерување на резидуална урина
  • Ехо на бешика (за камен, тумори на бешика, дверикули и резидуална урина)
  • Ехо на бубрези (дијагностика на камен, застој, тумори)
  • Ехо на скротум и тестиси (дијагностика на тумори на тестиси, хидроцеле, варикоцеле)

 Д-р Деримачковски ќе врши прегледи во клиниките на Неуромедика во:

  • Скопје, ул. „Јордан Мијалков“ бр. 62 – за Скопје закажување на телефонскиот број +389 2 313 33 13
  • Битола, ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ бр. 26 – закажување на телефонскиот број +389 47 252 255

Цената на прегледот чини 3.000 денари, а додека пак, на контролниот преглед 1.200 денари.

Д-р Деримачковски првите прегледи на клиниката во Скопје ќе ги има во петок (02.03.2018 година), а во Битола во сабота и недела (03. и 04.03.2018 година)

Како уролог, д-р Деримачковски, зад себе има повеќе публикации на теми од урологијата.

Симптоми од долен уринарен тракт:

  • полакиуриjа – чести позиви за мокрење преку денот
  • никтуриjа – чести позиви за мокрење преку ноќта (од моментот на легнување до моментот на будење ) > од 2 пати се смета како никтуриjа.
  • силни, позиви за уринирање
  • слаб млаз на урината при мокрење
  • прекинување на млазот
  • крв во урината
  • чувство за недоволно празнење на бешиката
  • испуштање на урина после силен, неконтролиран позив за уринирање
  • испуштање на капки поради преполнување на бешиката

Бенигна хиперплазија на простата:

Бенигната простатна хиперплазија е состојба на простатата /не е заболување/, што се појавува обично кај мажи после 50 години. Тоа вклучува зголемување на простатниот обем над 30 см3 за сметка на транзиторната зона што се наоѓа точно околу мочниот канал. Зголемувањето може да достигне и над 200 см3. Таа состојба започнува да се појавува со симптоми од страна на долниот уринарен тракт како што се:

  • чувство за недоволно изпразнување на бешиката
  • слаб млаз на урината при мокрење со или без прекинување
  • хитни нагони за мокрење со или без намокрување / испуштање на урина/
  • позиви за мокрење преку ноќта

Уролитизија (камења) во бубрег и уретер

Уретероскопиja и ласерско кршење на камен се користи после неуспешно третирање на конкременти во уретер. Тоа е ендоскопска оперативна интервенциjа со општа или локална анестезиjа. Пациентот е на грб. Преку мочниот канал се внесува инструмент ( уретероскоп ). Под оптична контрола и визуализациjа на  монитор се влегува во уретерот. Се продолжува се до нивото на каменот што треба да се крши. Се внесува ласерско влакно во работниот канал на инструментот со чија помош се крши каменот на помали парчина. Помалите парчина се одстрануваат со кошничка коjа што исто така се внесува преку вториот работен канал на инструментот. На краjот на операциjата се поставува JJ стент за период од 14 – 28 дена. Истиот се вади со ендоскопска интервенциjа преку мочниот канал и бешиката.

Повеќе информации околу симптомите, болестите и медицинскиот третман можете да прочитате на Уромедика.мк

Share this post

Leave a Reply