fbpx

Новости

Екологија на духот, МАТУРАЦИЈА на нашиот психо профил

Агресијата, како интерконтакт и однос помеѓу нас, во сите цивилизации, била актуелна, е актуелна и останува и понатаму актуелна.

Проблемот на екологијата на духот – поточно на интерперсоналните односи е еден од најголемите проблеми на сите нас на мајката Замја Планета.

Конфучие, многу одамна, во своето дело „Умот царува, а моќта и снагата трулат“ ќе каже: да живееш и да постоиш значи да работиш, да твориш, да креираш, да ствараш, да умееш, да почитуваш, да те краси ЕМПАТИЈА, флексибилност и толерантност, значи да имаш СОВЕСТ.

Денес, невронауката има јасна дефиниција: агресијата, ароганцијата, насилството и деструкцијата во интерперсоналните односи, произлегуваат од еден филогенетски програмиран и вроден инстинкт, кој бара растеретување и чека поволен момент, но под еден голем услов, ако личноста  не е матурирана, и има карактеропатски особини, без капацитет за соодветна интелектуална контрола.

Ние се раѓаме со рационална – конгитивна интелегенција, која е околу 10%, тоа е нашиот инстинктивно нагонски дел, во кој спаѓа и деструктивниот нагон.

Совеста, која е корифеј на нашата емоционална интелегенција која е околу 80 до 90% ја инкорпорираме аквирираме, вградуваме и втемелуваме во нас во тек на животот од првиот наш здив, тоа е ПРОЦЕС кој трае преку целиот наш живот.

Денес невронауката, екологијата на духот ја преименува и поистоветува со поимот СОЦИЈАЛНА КОГНИЦИЈА, или поточно колку сме спремни и подготвени да ги прифатиме и ги осознаеме емоциите на соговорникот, да ги преработиме во нас и да дадеме одговор со соодветен вокабулар.

За тоа ни е потребна – зреење и зрелост на нашиот психо профил, процес кој трае низ целиот наш живот.

Цитоархитектурата на матурацијата на нашиот психо профил го сочинуваат седум крајно важни параметри, кои како процес треба да ги енграмирани во текот на нашето постоење:

  • Психофизичка обдареност од мајката Природа, тука не сме исти,
  • Воспитание, хармонична или дисхармонична фрустрациона домашна средина,
  • Едукација, резервоар на знаења,
  • Инкорпорација на социјални морални, етички и духовни норми.

Крајот е или матуриран психо профил или ин – матуриран.

Матуриран: совесен, реален, објективен, знае да разговара, нема хипертрофирано его и нема суета, инает, злоба, завист, љубомора и параноја.

Ин – матуриран: личност со психопатски особини, чија психо – цито-архитектура интелектуално е немоќна и како резултат на таа интелектуална, околу себе сее конфликти, омраза, злоба, корупција, агресија, љубомора, завист и параноја, едноставно незнае да разговара, да почитува, да има почит, да биде флексибилна и по потреба толерантна.

Тоа сме ние во нашето секојдневие секој со своите карактерни особености.

Завршувам со афоризам: животот е сцена на која секој од нас ја одигрува својата улога, добро или лошо, зависно од тоа како ја научил, а од соиграчите на сцената зависи и како ќе ја заврши својата улога и својот живот.

За крај: не заборавајте дека алчноста и страстите во кои спаќаат корупцијата и подмитливоста и други човечки страсти, се секогаш составен дел на психо профилот на една лошо матурирана личност.

Превенцијата: бара внимание, воспитување, образование и инкорпорација на социјални, морални, етички и духовни норми, но и спремност на личноста сите тие насушни параметри да ги прифати, осознае, научи и применува.

Процес кој трае долго, а толку многу ни е потребен.

Проф. д-р Методи чепреганов – неуропсихијатар.

Сподели

Напишете коментар