Новости

Д-р. Бошко Ставрески, специјалистот по општа хирургија, нов член на тимот на Болница Неуромедика

Специјалист по општа хирургија со долгогодишно работно искуство низ многу реномирани Европски болници, автор и коавтор на многу стучни трудови и експерт во својата област се само дел од обележјата на специјалистот по општа хирургија, д-р. Бошко Ставрески, новиот член на тимот стручни хирурзи во Одделот за Хирургија.

Целата професионална биографија можете да ја погледнете на http://bit.ly/2jUITDL

Специјалист хирург д-р. Бошко Ставрески во Одделот за Хирургија при Болница Неуромедика ќе ги извршува следните интервенции:

Оперативни интервенции на хранопроводник

  • Езофагогастрични ресекции со воспоставување континуитет со тенко црево – Oesophagointestionoplastica
  • Езофагогастропластики при корозивни оштетувања на хранопроводникот
  • Енуклеации на бенигни Тумори на храниопроводникот
  • Згрижување на повреди на хранопроводникот
  • Креирање на Езофагостоми

Оперативни интервенции на желудник

  • Двотретински ресекции на желудникот ( Billroth I,II)
  • Хемиресекции на желудникот со суелективна и супраселективна ваготомија
  • Гастректомија и проширена гастректомија
  • Гастростоми за исхрана, ( класиќно и лапароскопски )
  • Сегментални ресекции на желудникот
  • Згрижување на повреди на желудник
  • Интервенции при перфорација на желудник
  • Акутни крварења од желудник
  • Крваречки и перфорирани улкуси

Оперативни интервенции на жолчни опатишта

  • Холецистектомија – отстранување на жолчната кеса – класично и лапароскопскии
  • Отстранување на камчиња од главниот жолчен канал
  • Сите типови на билиодигестивни анастомози

Оперативни интервенциио на црниот дроб

  • Абсцеси на црниот дроб
  • Ехинококови цисти
  • Згрижување на повреди на црниот дроб
  • Лева лобектомија
  • Сегментални ресекции на црниот дроб
  • Метастазектомии

Оперативни интервенции на дванаестопалачното црево

  • Повреди на дуоденумот
  • Дивертикули
  • Бенигни и малигни Тумори на Ватеровата папила

Оперативни интервенции на панкреас

  • Псеудоцистио на панкреас
  • Дистална спленопанкреатектомија
  • Субтотална и тотална панкреатектомија
  • Дуоденопанкреатектомија цефалика – Виплова операција
  • Деривациони интервенции на панкреас

Сите видови на оперативни интервенции на Тенките црева

Оперативни интервенции на Дебело црево

  • Ресекции
  • Десна и лева хемиколектомија
  • Тотална колектомија
  • Проктоколектомија

Оператиовни интервенции на абдоминалните ѕидови

  • Препонски кили
  • Папчани кили
  • Вентрални кили
  • Слабински кили

Оперативна реконструкција на аналниот сфинктер со 100 % континентност во тек на целиот живот

Лапароскопски интервенции

  • Отстранување на жолчната кеса
  • Отстранување на слезенката
  • Третман на сите видови на кили
  • Отстранување на слепо црево
  • Ресекции на дебело црево
  • Ресекции на Тенките црева
  • Решавање на Ахалазија
  • Решавање на Хијатална хернија
  • Интервенции на аднексите ( цистични формации на овариум, процеси на туба утерина)
  • Решавање на интраабдоминални абсцеси, земање на биоптички материјал

Искусната хируршка екипа на Одделот за Хирургија ги изведуваат сите хируршки интервенции, од наједноставни до најсложени. Интервенциите се вршат во модерни и современо опремени сали со најсовремена опрема и инструменти, во асептични услови и притоа се користат најсовремени средства за стерилизација и дезинфекција, се со цел обезбедување на оптимална заштита од инфекции на пациентите и здравствените работници.

   

Пред и по оперативните зафати пациентите се сместени во соби и апартмани кои се луксувзно опремени со најсовремени кревети и апарати се со цел побрзо и подобро опоравување.

       

 

За да ја закажете вашата консултација или преглед јавете се на 02 3133 313 или на neuromedica@neuromedica.com.mk

Сподели

Напишете коментар