Новости

20ти Август е Меѓународен ден на медицинските транспортери

Лицата кои неуморно се во трка со сите да го пренесат пациентот кој има потреба од медицинска помош во здравствена установа, кои се во трка со минутите пробивајќи се низ градските гужви или пак возејќи ги долгите меѓуградски или меѓудржавни релации се лицата медицински транспортери, кои се еднакво одговорни за брзата реакција на медицинскиот тим и здравјето на пациентот. Во целиот свет, луѓето го слават Меѓународниот ден на медицинските транспортери во знак на признание на оние што се таму за да ви помогнат кога вашето здравје е на линија.

Медицинскиот тим на Болница Неуромедика изминатата година помина над 15 000 километри со успешни санитетски транспорти на пациенти во и надвор од државата. Километри поминати со пациенти во лоша или екстремно лоши состојби кои имале потреба од медицинска интервенција во и надвор од државата низ цела Европа. Секој медицински транспорт се извршува со високо професионално ниво на транспорт со најсовремено опремено амбулантно возило и специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти надвор од Р.Македонија.

Целиот тим на Неуромедика е горд на своите колеги од секторот на медицински транспорт.

Неуромедика – Партнер на Вашето здравје!

 

 

 

  

Сподели

Напишете коментар