Новости

Започна со работа Одделот за хирургија во болницата Неуромедика

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 27 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 27 години искуство поминати низ константен раст, развој и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти.

Посебен акцент на работата во болницата Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура како и комплетна 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.

Во Неуромедика на едно место можете да добиете целосно лекување од дијагноза, третман до рехабилитација…

Од неодамна започна со работа и Одделот за Хирургија каде се изведуваат сите хируршки интервенции, од наједноставни до најсложени, благодарение на искусната хируршка екипа.

Сите интервенции се вршат во добро опремени сали со најсовремена опрема и инструменти, во асептични услови и притоа се користат најсовремени средства за стерилизација и дезинфекција се со цел обезбедување на оптимална заштита од инфекции на пациентите и здравствените работници.

Нашата цел е на сите пациенти да им обезбедиме комплетна и беспрекорна грижа.

Сподели

Напишете коментар