За нас

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 26 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 26 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.
Нашата активност на полето на здравствена заштита е лоцирана на две локации во Скопје - Болница во Центар и Поликлиника во Влае, Поликлиничко – дијагностички центар во Битола, Поликлиника во Куманово и Дијагностички центар во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 150 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Работно време

  • Дежурна службапон – нед 00:00 – 24:00
  • Општа болницапон – пет 00:00 – 24:00
  • Специјалистички одделипон – пет 08:00 – 20:00
  • Лабараторијапон – пет 08:00 – 20:00