Новости

Советуваме на тема: Стоматолошки интервенции во текот на бременоста!

Дали стоматолошките интервенции се безбедни за време на бременоста?

Ова е често прашање што го поставуваат идните мајки, а најчесто постои страв дека истите можат да му наштетат на плодот и максимално се избегнуваат. Редовните прегледи и чистењето забен камен не само што не се штетни, туку се особено препорачливи. Промената на нивoтo на хормони во крвта, предизвикува отекување на непцата, т.е. гравидарен гингивит и тоа доведува до задршка на остатоци од храна и зголемена иритација. Тоа доведува до инфекција во усната празнина.  На тој начин, редовните прегледи и чистење на забниот камен и наслаги, ќе превенира против орална инфекција и можни компликации во бременоста.

Кога е најдобро време да се посети стоматолог за време на бременоста? 

Второто тромесечје е идеален период за посета на стоматолог. Првото тромесечје во кое се одвиваа органогенезата е најдобро да се избегне, со оглед на тоа, дека токму тогаш се случуваат најголем број на спонтани абортуси. Интервенции може да се извршат и во третото тромесечје, но се избегнуваат поради потешкотиите на трудниците кои ги имаат при лежење на грб и долготрајноста на интервенцијата, што може да доведе до дополнителни отоци.

Анестезија во текот на бременоста

Постојат повеќе студии и истражувања за дејството на анестетиците врз плодот и докажано е дека Лидокаинот, еден од најупотребуваните анестетици во стоматологијата, не ја поминува плацентарната бариера и е безбеден за употреба. Значи, анестезија може да се аплицира, што го зголемува комфорот кај идната мајка и го редуцира стресот од болка при интервенција.

Сподели

Напишете коментар