Новости / Стоматологија: д-р Катерина Сиљаноска

2018-10-10

Стоматологија

Во одделот за Стоматологија во Неуромедика се изведуваат консултативни прегледи од стоматолошка проблематика, како и совети за соодветна хигиена и нега на забите и усната празнина.

Дијагностицирање и терапија на следните состојби:

  • Превентивна стоматологија и спречување на појава на кариес и други компликации во усната празнина.
  • Детска стоматологија која вклучува прв контакт на Вашите деца со стоматолог, стекнување на хигиенски навики од најрана возраст и заштита и лекување на млечните заби.
  • Протетика односно надоместување на изгубени заби, реставрирање на потемнети и заби оштетни повеќе од 50% и реставрирање на Вашата насмевка до најдобар изглед.
  • Орално хируршки интервенции изведени од специјалист. Хируршки екстакции на заостанати корени како и екстракции на импактирани заби, апикотомии, френулектомии и импланти.
  • Терапија на болести на устата и периодонтот која опфаќа чистење на забен камен, обработка на периодонтални џебови и санирање на воспаленија на гингивата.
  • Естетска стоматологија за корекција на сите видливи недостатоци на забалото кои влијаат на изгледот. Белеење на заби, композитни корекции и протетски корекции.

 

Стоматолошки услуги кои се практикуваат во поставување на дијагноза и терапија на стоматолошки состојби:

  • Интраорален преглед
  • Панорамски снимки и мали снимки на поединечни заби

Одделот за Стоматологија има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија.
Назад