Новости / Неуромедика, официјална матична здравствена болница на малиот херој Марко

2018-08-29

 

По големиот успех на 12 годишниот херој Марко Пејчиновски со препливувањето на Охридското Езеро, директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски стапи во контакт со родителите на Марко и како награда за постигнатиот успех, Неуромедика стана официјално матична здравствена болница на малиот херој и воедно спонзор за секаков вид поматамошна здравствена поддршка и лекување.

Ова е огромен успех за толку млад човек. Марко е херој кој ги заслужува сите награди и почести. Самиот по потекло Охриѓанец, се гордеам што по после 50 години, некој Охриѓанец го преплива Охридското езеро. Мојата поддршка сакам да биде само мотив за понатамошни успеси, а вооедно и мотив и за останатите млади спортисти во Република Македонија. Неуромедика е партнер на Вашето здравје и понатамошни успеси“ – изјави директорот на Неуромедика, Д-р Емил Угриновски.


Со почетна точка од Свети Наум во точно 09:00 часот по девет часа и 20 минути пристигна на Градското охридско пристаништ каде беше пречекан од илјадници луѓе кои му аплаудираа за херојскиот чин.

Марко има некроза на еден дел на коската на ногата како резултат на пореметување на крвотокот во тој дел на коската. Тоа доведува и до проблеми со моториката. Тој во пливањето повеќе ги користи рацете отколку нозете, но знае како да го синхорнизира. 

Според изјавите на лекарскиот тим кој го следеше цело време, Марко немал никакви здравствени кризи. Иако предизвикот бил навистина ризичен, сè помина во најдобар ред. 

 

Назад