Новости / Д-р Горан Деримачковски, специјалист уролог ќе врши прегледи во клиниките на Неуромедика во Скопје и Битола

2018-08-17

Имате проблем со болка во тестисите, крв во урина, зголемување на простата, проблеми со мокрењето или машката неплодност?

Ние сме тука да ви укажеме дека при појава на првите симптоми не смеете да ги занемарувате и задолжително е да посетите уролог.

Не дозволувајте стравот и неизвесноста да ве победат при донесување на одлука за вашето здравје!

Д-р Горан Деримачковски, специјалист уролог во клиниката Хил во соработка со Неуромедика ќе врши прегледи во клиниките на Неуромедика во:

  • Скопје, 24.08.2018 (петок)  ул. „Јордан Мијалков“ бр. 62. Закажување на телефонскиот број +389 2 313 33 13
  • Битола, 03.09.2018 (понеделник) ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ бр. 26. Закажување на телефонскиот број +389 47 252 255

Во делот на Урологија се вршат следните услуги:

  • Анамнеза и проценка на тежината на симптомите на долен уринарен тракт по т.н. IPSS (International Prostate Symptoms Score)
  • Дигитален ректален преглед (DRE) на простатната жлезда
  • Трансабдоминална екографија на простатна жлезда со измерување на обемот и интравезикална проминенција
  • Трансректален ефографски преглед на простата со бипланарна сонда и измерување на обемот на транзиторната зона
  • Пресметување на PSA Density ( густина на PSA маркерот на простата) – кај пациенти до готов резултат на Tpsa
  • Урофлоуметрија – компјутерско испитување на млазот
  • Измерување на резидуална урина
  • Ехо на бешика (за камен, тумори на бешика, дверикули и резидуална урина)
  • Ехо на бубрези (дијагностика на камен, застој, тумори)
  • Ехо на скротум и тестиси (дијагностика на тумори на тестиси, хидроцеле, варикоцеле)

Ние ви нудиме најдобра уролошка грижа и услуги, а нашиот доктор ќе се погрижи вашата посета да биде пријатна и удобна.

Повеќе информации околу симптомите, болестите и медицинскиот третман можете да прочитате на Уромедика.мк


Назад