Новости / ЗАВИСНОСТ ОД ИНТЕРНЕТ - БОЛЕСТ НА НОВОТО ВРЕМЕ

2018-08-03

 

Зависност од интернет е психичко пореметување, кое се манифестира со опсесивна желба времето да се поминува на интернет. Зависниците од интернет поминуваат премногу време во активности кои се одвиваат на интернет, занемерувајќи го реалното дружење со пријателите, работните обврски, учење и тн.

Луѓето кои се справуваат со ваква зависност имаат потешкотии да ги прекинат интернет активностите дури и во состојба и кога самите се свесни дека е време. Овој вид на зависност има големи негативни последици врз социјално, професионално, семејно, финансиско и економско функционирање на личноста. 

Како современ облик на зависност се манифестира како доминантна состојба која поединецот го изолира од реалниот свет а од друа страна негативно влијае на него и неговта околина.

 

Причини за интернет зависност

Самолекување на психичко пореметување - Многу луѓе го користат интернетот за да ја маскираат анксиозноста, депресијата или некое друго психичко пореметување.

Глад за информација - Некои луѓе се информациони адикт и- нивниот глад за знаење е така силен да неможат да престанат со пребарување и читање на статии од кои црпат одредени информации.

Срамежливост или социјална фобија - може да бидат во основа причина за зависност од интернeт. Поединецот може да проба да избега од реалниот свет, од кој се плаши, во фантастичен он-лајн свет, каде може да биде слободен. Многу луѓе имаат анксиозност во директен контакт со луѓе, па полесно им е да стапат во интеракција по пат на интернет.

Осаменост - и очајна потреба да се запознаат други луѓе може да доведе до зависност  од интернет сајтови за запознавање и допишување.

Компулзија - замена на друга зависност со интернет адикција. Често се случува поединец да стане зависен од интернет поради он-лајн активности кои потхрануваат некое друго компулзивно однесување. Така на пример патолошки коцкари или купохоличари може да преминат на он-лајн коцкање или купување преку интернет.

 

Знаци и сипмтоми на зависност од интернет

Од 24 часа во текот на денот, просечно 8 часа се помнуваат во сон или одмор. Остануваат уште 16 часа. Претпоставувајќи дека поединец има работни или школски обврски 8 часа дневно. Остануваат уште 8 часа слободно време. Земајќи во предвид дека минимално време за исхрана и физиолошки потреби дневно потребни се вкупно околу еден час, што значи дека просечно слободно време е 7 часа.

Се смета дека времето кое се поминува на интернет и надминува од 4 до 6 часа слободно време од денот веќе преставува симптом на зависност. Симптоми кои се јавуваат кај интернет зависниците се:

·       Пациентот е преокупиран со интернет, размислува за предходните активности и ја планира идната.

·       Потреба интернет да се користи во што поголеми временски интервали.

·       Потребен е поголем напор доколку поединецот треба интернетот да го користи контролирано или со намален интензитет.

·       Поединецот најчесто чуствува немир, раздразливост, депресија доколку се обиде да ја намали употребата.

·       Зависниците од интернет губат осет за време, и се задржуваат подолго од испланираното.

·       Постои ризик од губење на значајни социоекономски врски.

·       Лажење и манипулирање на блиски личности, терапевтот се со цел да се скрие реалниот проблем.

·       Употреба на интрнетот како начин за избегнување на проблемите.

 

Видови зависност од интернет

·       Зависност од социјални мрежи

·       Зависност од видео игри

·       Зависност од пребарување на интернет

·       Зависност од воспоставување на пријателски врски преку интернет

·       Зависност од интернет коцкање

·       Зависност од интернет купување

·       Зависност од виртуелен секс

·       Зависност од користење на компјутер

Овој облик на зависност е релативно нова болест, со огормен подем и слободно можеме да кажеме и нов социјален проблем. Имено во 1996 година е за прв пат употребен терминот internet addiction- интернет зависнот. Набрзо почнуваат да се отвораат првите институции специјализирани за овој проблем, додека денес ги има низ целиот свет.

 

Неколку совети како да ги заштитите децата и младите од прекумерно користење на Интернетот

·       Покажете разбирање и овозможете поддршка.

·       Пребарувајте го Интернетот заедно со вашето дете.

·       Дистанцирајте го од прекумерно користење друштвени мрежи, во замена со интелектуални, креативни, истражувајки  веб-сајтови кои одговраат за возраста на вањето дете.

·       Водете евиденција колку долго вашето дете користи интернет во текот на денот, воведете систем на награда и казна.

·       Едуцирајте го детето со правила на приватност на интернет и можна злоупотреба.

 

Како се лечи интернет зависност ?

За пациенти кои имаат бихевиорална адикција, како што се зависност од интернет, видео игри, коцкање, зависност од купување на интернет и тн. Предвидени се психотерапевтски програми кои можат да се спроведат во група или индивидуално. Значаен успех се постигнува особено при третман кој се одвива во група каде пациентите имаат можност за меѓусебна соработка, разбирање и подршка. Планот на лекување се прави врз индивидуалните потреби на секој пациент. Пациентот преку различни терпевтски активности, посебно конструирани за неговиот проблем, учи како повторно да воспостави контрола над својот живот, како да ја контролира желбата за интернет, и како да препознава и преброди различни ситуации. Должината на траење на лечењето зависи од јачината и примарната причина за зависнот, психолошкиот карактер на пациентот и тн.

 

Д-р Поповски Томче - матичен доктор во Неуромедика

 

 

 

 

Назад