Новости / НЕУРОМЕДИКА – ОФИЦИЈАЛНА БОЛНИЦА НА СКОПСКИОТ МАРАТОН 2018ГОД

2018-05-08

Neuromedica е спонзор и официјална болница на Скопски Маратон , најмасовниот спортски настан на Р.Македонија . Neuromedica со 4 медицински тимови составени од доктор , медицинска сестра и возачи го обезбедуваше настанот на кој земаа учество околу 10.000 натпреварувачи .

За потребите на организацијата на маратонот Neuromedica обезбеди 4 мобилни и 1 стационирана екипа за непрекинато одвивање на маратонската трка која се одвиваше по главните улици на Скопје .

Брзите и навремени интервенции на медицинските екипи допринесоа да нема сериозни последици кај натпреварувачите и можеме да кажеме дека сите натпреварувачи кои беа на интервенција беа успешно згрижени .

Покрај медицинското обезбедување Neuromedica имаше и свои 6 преставници на трката на 5км.

Neuromedica како општествено одговорна институција целосно ги подржува ваквите настани кои го потикнуваат спортскиот и здравиот начин на живот кај луѓето.

Назад