Новости / BMI (Body Mass Index)

2018-04-21

BMI (Body mass index)-или индексот на телесна маса, вообичаено се пресметува математички кога телесната тежина ќе се подели со квадратот од телесната висина. Резултатите генерално се квалификуваат во неколку категории како што се незадоволителна тежина, нормална тежина, прекумерна тежина и гојазност.Кај последните две категории постои зголемен ризик од низа заболувања, како што се коронарни болести, дијабет, заболувања на жолчното кесе, покачен крвен притисок, остеоартритис, мозочен удар, различни видови карциноми, и др.

Но индексот пресметан на ваков начин не е воопшто прецизен параметар, и не може да даде конкретна слика за телесниот состав и градбата на телесните ткива.

DXA скенот преку својот програм за скен на целото тело, дава можност за мерење на целосната телесна композиција и содржина на масно ткиво со висок степен на прецизност.Тој дава детален приказ на Вашата телесна композиција, вклучувајќи го тоа како телесната маса е распоредена на масно, коскено и мускулно ткиво.Сите најнови истражувања ја истакнуваат точноста на DXA  скенот во однос на сите други методи во одредување на телесната композиција и следењето на промените на мускулите и масното ткиво во текот на одредени периоди.

Заедно со информацијата за телото како целина, со оваа програма на DXA скенот се прикажува количината на масно и мускулно ткиво во секој дел на телото поединечно (пример десна рака или лева нога)- информации кои можат да бидат многу корисни кај спортистите на пример за да видат дали мускулната маса се возобновува после повреда.

DXA  скенот на цело тело е од голема корист кај сите оние што започнуваат редукција на килажа, вежби за зајакнување или фитнес програми, за мониторирање на нивниот прогрес преку точно мерење на телесната композиција.

Зошто DXA скен на цело тело?

-После возраст од 20 години, сите ние започнуваме да губиме мускулатура, а да ни се зголемува масното ткиво.Никој не може да каже според различни пресметувања или табели, или преку гледање на огледало колку масно ткиво има.

Преку правење проценка со DXA  скен на цело тело, може веднаш да ги видите промените во вашата телесна композиција и да бидете проактивни кон вашето здравје.Нити вашата телесна тежина, нити вашиот пресметан BMIе она што е важно, туку процентот на вашето масно ткиво.Запомнете- измерето го прецизно процентот на масно ткиво и ќе можете ефективно да делувате на него.

Како се спроведуваDXA скен на цело тело?

-Процедурата се сотои во тоа што пациентот легнува врз машината во тек на 6-12 минути.Се користи многи ниска доза на Х- зрачење- радијацијата е помала од колку при еден авионски лет (единствено се советува да се избегнува при бременост).Пациентот дише нормално, но треба да биде мирен, а процедурата е комплетно безболна.Потребно е да се носи облека без метални додатоци, патенти или копчиња и да се отстрани накитот.

 

Кога да направитеDXA скен на цело тело?

1.Aко се обидувате да намалите телесна тежина и сакате да го следите губењето на масно ткиво и зголемувањето на мускулатурата од вежбањето, DXAскенот на цело тело е прецизна мерка за менаџирањето на тежината и фитнес програмите.

2.Ако сте проактивни кон своето здравје и саката да ги намалите ризиците од срцеви заболувања, дијабет, карциноми и гојазност-DXAскенот на цело тело е позитивен прв чекор.

3.Ако сте спортист или боди-билдер и целите да постигнете низок степен на масно во однос на другите ткива, можете да го користите DXAскенот на цело тело во следење на мускулната атрофија после повреда и создавањето  мускулна маса при рехабилитација.

4.Ако сте заинтересирани за вежбање и саката да ја следите вашата мускулна маса, и сакате да имате увид во процентот на масно ткиво и вашата здравствена состојба, DXAскенот на цело тело ви овозможува прецизна слика за вашите телесни мерки.

 

 

 

 

Назад