Новости / Витамините Ц, А, Б, Е се моќна комбинација за совршена кожа

2017-12-13

Витамините не се само оружје во борбата против различните видови инфекции и болести на организмот туку се и многу ефикасни борци за здрава и убава кожа. Витамините А, Ц, К, Б3 и Б5 се многу ефикасни во борбата против многу надворешни, но и внатрешни фактори што ја оштетуваат кожата.

 

Витамин Ц

Аскорбинската киселина позната како витамин Ц, последните неколку години е прва на листата на најпопуларни состојки што се додаваат во козметичките препарати. Овој витамин е ефикасен како антиоксиданс, односно претставува природна одбрана против слободните радикали и нестабилните молекули што влијаат врз стареењето на кожата, а се јавуваат како резултат на загадувањето на животната средина, пушењето и изложувањето на сонце.

Витаминот Ц може да ја заштити кожата од оштетување предизвикано од штетните ултравиолетови зраци што се јавуваат по долготрајно сончање. Исто така, витаминот Ц има способност да ја поттикнува синтезата на колагенот, протеин важен за зајакнување на структурата и еластичноста на кожата.

Витамин А

Овој витамин помага во вековната борба против брчките. Општо познато е дека брчките не можат да се сокријат со ниту еден вид шминка. Значително поголем успех ќе имате доколку решите да ја подобрите состојбата на својата кожа користејќи производи што содржат витамин А, односно ретинол. Избегнувајте ги ретиноидите што се ефикасни, но затоа, пак можат да предизвикаат несакани реакции врз кожата, како што се црвенило, белези и слично.

Витамин Б3 и Б5

Витамините Б3 (нијацин) и Б5 (пантотенска киселина) се чести состојки на производите за нега на кожата.Тие имаат способност да помагаат во задржување на влажноста на кожата.

Витаминот Б3 е релативно нова состојка на козметичкиот пазар, но претставува еден вид алтернатива на производите за пилинг на кожата што содржат гликолна и салицилна киселина.

Витаминот Б5 е најчеста состојка во козметичките препарати и заедно со витаминот Е се познати по тоа што имаат одлични својства за влажнење на кожата. Исто така витаминот Б5 им користи на оние кои имаат чувствителна кожа, за разлика од витаминот Е кој може да ја иритира кожата.Кај витаминот Б5 не се забележани негативни ефекти.

Витамин Е

Витаминот Е (алфа токоферол) претставува уште еден моќен антиоксиданс што често се користи во лосионите и кремите поради својата исклучителна способност да ја навлажнува кожата. Иако во меѓувреме, првичното воодушевување на козметичарите од витаминот Е се намали, сепак станува збор за состојка што докажано ја задржува влажноста на кожата.

Витамин К

Овој витамин е ефикасен во борбата против модерните подочници, па затоа козметичарите препорачуваат да се става на кожата пред спиење. Исто така, витаминот К е добар во борбата против губењето на бојата на местата под очите. Витаминот К навлегува низ порите и стигнува се до оштетените капилари и артерии со што помага во згрутчувањето на крвта. На тој начин го спречува создавањето на темни подочници, а му овозможува на ткивото бргу да заздравее. Инаку и витаминот Ц влијае врз намалувањето на темните подочници. Тие два витамини (Ц и К) даваат одлични резултати кога заедно ќе се најдат во препаратите за борба против подочниците.

Назад