Новости / 10-ти Неуромедика Симпозиум

2017-11-30

На 29.11.2017 во Конгресната сала на Соборен Храм “Св. Климент Охридски” – Скопје се одржа јубилејниот 10-ти Неуромедика Симпозиум. Симпозиумот како и сите претходни беше со голема посетеност од страна на стручната лекарска фела. На овој настан имаш над 200 доктори слушатели кои со задоволство ги проследија стручните теми на предавачите. Симпозиумите на Неуромедика се официјално најпосетени медицински едукативни настани во Р. Македонија со над 1700 учесници. 
На Симпозиумот предавачите ги презентираа своите теми кои беа од областа на неврологијата, неврорадиологијата и ортопедијата. Темите и Симпозиумот беа поддржани и акредитирани од Лекарската комора на Република Македонија со 12 бодови за предавачите и со 8 бодови за слушателите. 
На 10-от Неуромедика Симпозиум предавачи и теми беа еминентните професори:
- Проф. Д-р Методи Чепреганов - специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема “Status Epilepticus ” 
- Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - специјалист неврорадиолог на тема " Унилатерална, тригеминална, мандибуларна моторна невропатија"
- Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог на тема “Скелетна туберкулоза кај деца”
На Симпозиумот за прв пат имавме надворешни автори и предавачи на тема од неврохирургијата. Авторската тема “Хируршко лекување на епилепсијата” на Проф. Д-р Јовица Угриновски ја презентираше Спец. Д-р Љуљзим Агаи.

Назад