Новости / НЕУРОМЕДИКА - ПАРТНЕР И ОФИЦИЈАЛНА БОЛНИЦА НА МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

2017-11-28

На 27.11.2017г. Директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски и Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) Д-р Васил Тупурковски потпишаа договор за партнерство со кој НЕУРОМЕДИКА станува Официјален Партнер и Официјална Болница на МОК и на потенцијалните и евидентните македонски олимпијци кои ќе ја претставуваат Македонија на бројните олимписки натпреварувања кои следат. Партнерството ќе биде и за сите други спортисти кои ќе бидат од интерес на МОК во рамките на Олимписката програма ‎2017-2020, како и другите активности на МОК во насока на унапредување и развој на Олимпизмот и спортот во РМ. 

При потпишувањето на договорот за партнерство, Директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски и Претседателот на МОК Д-р Васил Тупурковски изразија огромно задоволство за меѓусебната доверба и истакнаа дека е голема чест и обврска, НЕУРОМЕДИКА да се грижи за сите спортисти кои се дел од олимписката програма на МОК. Тие им посакаа високи спортски резултати на македонските спортисти на претстојните меѓународни натпреварувања каде што треба да реализират олимписки норми и достојно да ја претставуваат Македонија на престојните Олимписки игри.
Неуромедика како официјална Болница на МОК ќе се грижи за здравјето на сите спортисти кои се дел од програмата на МОК. Неуромедика со својата инфраструктура, техничко-технолошката опременост, комплетната медицинска апаратура и целиот медицински кадар ќе биде на располагање на македонските Олимпијци кои се дел од програмата на МОК. Современата медицинска апаратура е неопходна во брзата и точна дијагноза и на најмалите спортски повреди кај спортистите, а лекарската стручност и знаење се огромна придобивка кога треба да се изгради врвен и здрав олимпиец. Тоа е она по што е претпознатлива Неуромедика. 25 годишното искуство во полето на современата и напредна здравствена заштита ја става Неуромедика во врвот на регионалното здравство. Неуромедика е болница со најголемо искуство во областа на здравјето на спортистите. Долга е референцата на македонски репрезентативни и клубски екипи на кои Неуромедика е официјална болница, меѓу кои може да се издвојат: Официјална болница на сите Ракометни репрезентативни екипи, Официјална болница на Фудбалските репрезентативни екипи, Официјална болница на Скопски Маратон и други.

Назад