Новости / Инфекции на окото

2017-10-09

Најчести инфекции на периокуларните структури се блефаритот (инфекција на рабовите од очните капаци), хордеолумот (инфекција на надворешните или внатрешните жлезди на очните капаци, во народниот говор наречена јачмен) и каналикулитот (инфекција на изводните канали на солзните жлезди). Инфекцијата на солзното кесе (дакриоцистит) е секундарна, а се јавува при опструкција на солзните канали или на назолакрималниот канал.

Блефаритот и хордеолумот најчесто се предизвикани од стафилококи, а се лекуваат со локална примена на антимикробни офталмолошки препарати. Блефаритот често има хроничен тек и доведува до иритација на конјунктивата. Важна тераписка мерка е секојдневното миење со топла вода и благ (бебешки) сапун. Хордеолумот обично добро реагира на локална примена на топли влажни компреси. Халационот е хроничен или рецидивирачки воспалителен фокус на очните капаци кој често се меша со хордеолумот, од кој се разликува по отсуството на знаци на акутно воспаление. Халационот не се лекува конзервативно, туку треба да биде ексцидиран доколку од кои било причини му пречи на пациентот.

Инфекцијата на солзниот апарат се манифестира со изразено солзење (епифора), а може да биде предизвикана од бројни микроорганизми, вклучително анаеробни бактерии, Грам-позитивни бактерии и фунги. Во некои случаи дакриоциститот може да биде хроничен, а најчесто е предизвикан од стрептококи, стафилококи и РзеиЉтопаз. Инфекцијата на солзниот апарат начелно треба да се лекува со системски антибиотици, а често е потребна и офталмолошка евалуација.

КОНЈУНКТИВИТ, КЕРАТИТ И РЕТИНИТ

Иницијалната проценка на пациент со црвено и/или болно око треба да одговори на следниве прашања:
1. Дали постои можност од туго тело во окото (вклучително употреба на контактни леки) или повреда од распрснати честички?
2. Постои ли промена во острината на видот?
3. Има ли пациентот фотофобија?
4. Дали пациентот имал контакт со лица со слични проблеми?
5. Дали постои анамнеза за некоја очна болест (на пр. галуком, рецидивирачка инфекција и др.) или некоја системска болест (СИДА, алергии и др.)?

Иницијалната проценка се состои од испитување на острината на видот на секое око, инспекција на очните капаци, конјунктивата, рожницата и мержницата со примена на кобалтна лампа по апликација на флуоресцин. Со проширување на зениците значајно се зголемува полето од мрежницата што може да се експлорира, но тие не се прошируваат во случај на глауком со затворен агол (дијагностицирана болест, хиперемија на конјунктивите, едем на рожницата или фиксирани зеници).

 

Инфекцијата на конјунктивата (конјунктивит) може да биде предизвикана од бројни микроорганизми, а често е тешко да се диференцираат бактериските од вирусните инфекции. Кај бактериските инфекции почесто доага до појава на гноен исцедок. Билатералните промени со воденест исцедок и чешање почесто се јавуваат кај вирусните инфекции. Најчести вирусни предизвикувачи на конјунктивит се аденовирусите, но, исто така, слични промени се јавуваат при алергија, туто тело и други болест (на пр. Капошиев сарком). Лесниот конјунктивит се лекува емпириски, а дури и лесниот бактериски конјунктивит спонтан поминува. Доколку е потребно лекување со антибиотици се препорачува примена на офталмолошки препарати на аминогликозидите, еритромицинот, бацитрацинот или неомицин/полимиксинот.

По иницијалната проценка пациентите со промени на другите структури на окото, освен на конјунктивата, треба да бидат упатени на офталмолог. Секој пациент со намалена острина на видот, туго тело (најчесто се случуваат кај лицата со контактни леки) или со знаци на воспаление на предната очна комора (перилимбална инјекција) треба веднаш да биде прегледан од офталмолог.

Секоја промена што предизвикува воспаление на рожницата (кератит) доведува до појава на болка и намалена острина на видот. Малите абразии на рожницата, често без придружно воспаление, заздравуваат спонтано, со можност за рецидив. Од улкусите на рожницата кај исцрпени лица кои носат контактни леки често се изолираат стрептококи, стафилкоки, псеудомонас и фунги. Во последниве години се бележи пораст на инфекциите предизвикани од АсапЊатоеВа кај лицата со контактни леки. Инфекциите предизвикани од вирусот на херпес симплекс под кобалтна лампа имаат карактеристичен бвездест или разгранет изглед и можат да предизвикаат тешка кератинопатија.

Ретинитот се манифестира со безболно намалување на острината на видот, често се јавува кај пациентите со ХИВ инфекција, а најчест причинител се ЦМВ.

Сите пациенти со кератит и ретинит треба веднаш да се упатат на офталмолог. Некои клиничари ги лекуваат овие пациенти по консултација со офталмолог. Ваквиот пристап зависи од прецизноста на иницијалната проценка. Офталмолошките кортикостероидни препарати треба да ги препишуваат само офталмолози, бидејки можат да предизвикаат влошување на состојбата кај некои пациенти.

Назад