Новости / Неуромедика - Спонзор на Skopje run 10km

2017-10-06

Неуромедика е спонзор и медицински партнер и оваа годинана Скопски Маратон. Скопски Маратон се содржи од 3 трки, главниот маратон кој секоја година се трча во месец мај, женска трка и новата трка која стартува оваа година во октомври Skopje run 10km. Изминативе 3 години Неуромедика е медицински партнер и спонзор на организаторите на Скопски Маратон. Нашите лекарски екипи медицински го обезбедуваат маратонот и се грижат за здравјето на сите натпреварувачи. 

Најновата трка од организаторите на Скопскиот маратон ќе дебитира во недела, 08.10.2017, во 09.00 часот низ улиците на Скопје. Развојот на спортскиот начин на живеење во Скопје ги мотивираше организаторите да подготват нова улична трка која, поради нивото на интерес, очекуваат да прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе ги одбележи есенските месеци.

Покрај трката од 10 километри во склоп на Скопје трча 10КМ се организира и штафетната трка од 2 х 5 километри која веќе буди интерес кај компаниите како дел од нивните тимбилдинг активности. Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на http://skopje.run.

Стартот на трката ќе биде на булеварот „Илинден“ во близина на фонтаната „Лотус“. На истото место ќе биде и целта на трката затоа што истата е кружна и ќе се трчаат 2 круга од по 5 километри, по должина на булеварот. Со дипломи ќе бидат наградени првите 3 места во категории по возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години, и над 55 години. Во штафетната трка од 2 х 5 километри првите 3 места во сите категории, и тоа тим од 2 машки, тим од 2 женски, тим од 1 машко и 1 женско ќе бидат наградени со пехари и дипломи.

Сите учесници со стартен број се дел од лотаријата преку која по случаен избор ќе бидат доделени награди од спонзорите на Скопје трча 10КМ.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија.

Назад