Новости / СТОМАТОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО БРЕМЕНОСТА

2017-09-07

ДАЛИ СТОМАТОЛОШКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ СЕ БЕЗБЕДНИ ВО БРЕМЕНОСТА?

Ова е често прашање што го поставуваат идните мајки, а најчесто постои страв дека истите можат да му наштетат на плодот и максимално се избегнуваат. Редовните прегледи и чистењето забен камен не само што не се штетни, туку се особено препорачливи. Промената на нивoтo на хормони во крвта, предизвикува отекување на непцата, т.е. гравидарен гингивит и тоа доведува до задршка на остатоци од храна и зголемена иритација. Тоа доведува до инфекција во усната празнина.  На тој начин, редовните прегледи и чистење на забниот камен и наслаги, ќе превенира орална инфекција и можни компликации во бременоста.

КОГА Е НАЈДОБРО ДА СЕ ОДИ НА СТОМАТОЛОГ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА?

Второто тромесечие е идеален период за посета на стоматолог. Првото тромесечие во кое се одвиваа органогенезата е најдобро да се избегне, со оглед на тоа дека токму тогаш се случуваат најголем број на спонтани абортуси. Интервенции може да се извршат и во третото тромесечие, но се избегнуваат поради потешкитиите на трудниците кои ги имаат при лежење на грб и долготрајноста на интервенцијата, што може да доведе до дополнителни отоци.

АНЕСТЕЗИЈА БО БРЕМЕНОСТА

 

Постојат повеќе студии и истражувања за дејството на анестетиците врз плодот и докажано е дека Лидокаинот, еден од најупотребуваните анестетици во стоматологијата, не ја поминува плацентарната бариера и е безбеден за употреба. Значи, анестезија може да се аплицира, што го зголемува конфорот кај идната мајка и го редуцира стресот од болка при интервенција.

Назад