Новости / Неуромедика - Медицинско обезбедување на UEFA Супер Куп 2017

2017-08-11

На 08.08.2017 на Арената Филип II во Скопје се одржа UEFA Супер Kупот 2017. Натпревар помеѓу фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Овој фудбалски натпревар беше досега најголем спортски настан во нашата држава од аспект на организација и популарност. Настанот беше масовно посетен од над 32.000 фудбалски фанови и над 2.000 луѓе ангажирани во организација на истиот. Неуромедика како здравствена организација беше дел од големиот спортски настан. Неуромедка како како единствена одобрена болница од UEFA медицински го обезбедуваше досега најголемиот фудбалски настан организиран во РМ. Како и во многу наврати низ годините, Неуромедика е константен партнер на ФФМ и сите фудбалски натпревари кои тие ги организираат во рамки на UEFA и FIFA. Нашите медицински екипи долго време се покажуваат како најдобар избор кога станува збор за грижа на здравјето на интернационалните фудбалски екипи. Довербата која ни ја даде ФФМ и UEFA не е случајна. Секогаш даваме максимум од стручен и организационен аспект и со огромна прецизност се обрнува внимание на секој детаљ. 
На самиот фудбалски натпревар се покажа токму тоа. Нашиот кадар неуморно и посветено на високо професионално ниво го спроведи медицинското обезбедување, за што од организаторот UEFA добивме високи оценки и позитивни критики. Со успешно завршената работа и сите позитивни критики, Неуромедика се истакнува како медицински бренд кој ги исполнува светските критериуми кога станува збор за спроведување на медицинско обезбедување и општа грижа за здравјето на спортистите на терен, VIP гостите во публика и сите навивачи присутни на трибините. 
Директорот Д-р Емил Угриновски и менаџерскиот тим на Неуромедика им испраќаат јавна благодарност на сите ангажирани вработени: доктори специјалисти, општи доктори, медицински сестри, шофери и логистички кадар кои беа дел од организација и спроведувањето на проектот “Медицинско обезбедување на UEFA Супер Kупот 2017”. 
Неуромедика натпреварот медицински го обезбедуваше со рекордни 10 екипи или 52 медицински лица на терен и спремна болница на готовност со медицински кадар од повеќе области. Екипите на терен беа составени од: доктор на терен; 6 медицински соби со тим од доктор и сестра од кои 2 беа VIP; 4 мобилни екипи со комплетно опремени амбулантни возила и тим од доктор, сестра, шофери и носачи; координатор на екипи; и главен доктор на проект Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски-ортопедски хирург. Во медицинските тимови имаше и доктори специјалисти: ортопеди, хирург и физијатар. Екипите на терен беа опремени со најсовремена мобилна медицинска опрема која единствено Неуромедика ја поседува во државава и пошироко. Во нашата болница како логистичка поддршка на готовност беа сите наши доктори и целата медицинска и дијагностичка апаратура која е најсовремена во РМ.


Назад