Новости / КИВИ – егзотично овошје преполно со витамини и минерали!

2017-08-01

 

Ова егзотично овошје ни доаѓа од Кина и се смета за кинеско национално овошје. Има интензивен вкус, сочен е и има црни семки. Киви е едно од најздравите овошја. Преполн е со антиоксиданси и содржи витамин Ц и тоа во поголемо количество од портокалот. Одличен е извор на калиум, железо, витамин  Е и витамини од Б групата.

Киви е овошје кое обично се консумира во зима затоа што содржи неверојатни количества на витамин Ц, но се одлично освежување и во лето. Киви има повеќе влакна од јаболко и банана и содржи многу калиум.

Неговата единствена комбинација на витамини и минерали помага во заштитата од срцевите заболувања, мозочен удар, рак и респираторните заболувања. Киви содржи состојки кои успешно ја разредуваат крвта, па затоа ова овошје е добро за здравјето на крвните садови. Освен што го намалува згрутчувањето на крвта, ги намалува вредностите на лошиот ЛДЛ холестерол и одличен и во војната против покачениот крвен притисок.

Освен што е здрав, неговата популарност се зголемува и успешно се одгледува и во нашите краеви.

 

Назад