Новости / Зелена салата извор на витамини: Ц, А, Е и Б

2017-06-15

Предностите на зелената салата се навистина многубројни, но да ги потенцираме само оние што се битни за неа да ги знаеме.

 

Калориите и нутритивните вредности на зелената салата

 

Воопшто не е калорична, а нуутритивно исклучително богата. Изобилува со витамини и минерали кои се клучни за чување на нашето здравје. Така зелената салата влијае на целокупниот наш организам бидејќи во себе содржи многу минерали и витамини кои делуваат на различни делови на организмот. Со редовна консумација на зелената салата ќе обезбедите за себе здравје.

 

Зелената салата на 100 грама содржи:

 

  • 14 калории;

  • 2,9 грама јаглени хидрати ( од тоа 1,3 гр влакна и 0,8 гр шеќери)

  • 1,4 грама протеини;

  • 0,2 грама масти.

 

Како што може да се види има занемарливо малку калории како и маснотии, додека холестеролот воопшто го нема. Од тој аспект се препорачува на личности кои боледуваат од покачен холестерол, но и на личности кои сакаат да ја намалат телесната тежина. Јаглените хидрати и протеините исто така ги има во мала мерка, но две чинии зелена сала во текот на денот, во комбинација со други намирници богати со протеини, би биле доволни.

 

  • 30% витамин C;

  • 148% витамини A;

  • 1% витамин E;

  • 217% витамин K;

  • 5% витамин B1 (тиамин);

  • 2% витамин B3 (ниацин);

  • 5% витамин B2 (рибофлавин);

  • 10% витамин B9 ( фолати).

 

Значи, зелената салата е богат извор на бројни витамини кои се потребни на нашиот организам како би имале силен имун систем. Наведените витамини задолжени се за зачувување на нашиот организам во целост, бидејќи секој од нив влијае на посебен дел.

 

  • 4% калцијум;

  • 1% натријум;

  • 5% железо;

  • 3% фосфор;

  • 3% магнезијум .

  • 6% калијум;

  • 1% бакар;

  • 1% цинк;

  • 13% манган;

  • 1% селен.

Назад