Новости / Кајсија – пролетното овошје за долговечност

2017-06-13

Јадејќи ореви и кајсии, жителите на долината на Хунзите доживуваат длавока старост.  Денес, здравствените бенефити од кајсиите се препознатливи и на Западот. Тие се добри против тврда столица и лошо варење, различни кожни проблеми, напнати мускули, болки во увото и тн.

Предностите од редовното конзумирање на кајсиите, особено во периодот на нивното природно зрееење се големи:

 - тие се нискокалорични и содржат витамини А, Б2, Б3 и Ц, како и корисни природни шеќери

 - содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје

 - сокот од кајсии е одличен извор на калциум и железо и тоа е причината зошто се препорачува за трудници и мали деца. Природниот 100 % сок од кајсии (150 мл) ги задоволува нашите дневни потреби и за каротен

 - сувите кајсии се богати со калиум карбонат, кој е одличен за луѓето кои патат од срцеви проблеми, особено аритмија

 - помагаат во подобрување на функциите на мозокот, поради високото количество фосфор и магнезиум. Овие елементи помагаа во нормализација на крвниот притисок

 - позитивно делуваат на видот, поради високото количество витамин А

 - сокот од кајсии може да ја намали киселоста во организмот, што е најчестата причина за многу заболувања

 - сокот од кајсии ја намалува и надуеноста на стомакот

Особено корисен дел од кајсиите се нивните семки кои содржат амигдалин,  за многумина  екстракт  кој помага во борбата против ракот, но и помага во подмладувањето. Тој е познат како витамин Б17 и голем број нутриционисти го нарекуваат вистински лек против ракот. 

Назад