Pyetjet e bëra më shpesh / Ставање импланти

2014-05-02

Почитувани Клиенти,

ПЗУ Неуромедика Ве известува дека во стоматолошката ординација почна да нуди нова услуга, ИМПЛАНТАЦИЈА НА ЗАБИ.

Закажете консултации кај Спец. по орална хирургија Д-р Тодор Стаменовски


Што е имплантација?


Имплантација односно всадување на заби е еден од начините за решавање на проблемот на изгубените трајни заби. Во основа, тоа е хируршка постапка со која се врши всадување на специјално колче (метално или керамичко) во коската на вилицита на местото на изгубениот заб. Ова колче ја врши улогата што ја има коренот на забот и на него подоцна се изработува коронка или се користи за прицврстување на мост или протеза.


Кои се предностите на имплантацијата?


Овој начин за надоместување на изгубените заби за многу пациенти е метод на избор затоа што по зараснувањето на коската околу имплантатот, чувството на преносот на притисокот при џвакањето е скоро како кај природните заби.

Исто така и естетскиот елемент е на високо ниво со што, покрај воспоставувањето на изгубената функција, се враќа и изгледот на пациентот.

УБАВАТА НАСМЕВКА ПОВЕЌЕ  НЕ Е НЕВОЗМОЖНА!!!!

Mbrapa