Новости

ПРОТЕТИКА – Реставрација на вашата насмевка до најдобар изглед!

ПРОТЕТИКА

Денаталните мостови се познати како фиксирани отстранливи протези кои буквално го премостуваат јазот од еден или повеќе изгубени заби, составени од два носачи и најмалку еден вештачки заб што го надоместуваат.

Реставрација на вашата насмевка до најдобар изглед.

Постојат многу фактори што доведуваат до губиток на забите, кариес, повреди, болести, чкртањето со забите или пак едноставно сте родени со недостаток. Губењето на забите предизвикува како естетски така и функционални недостатоци, а може да резултира и со несакани ефекти на лицето, џвакањето како и вашата самодоверба.
Протетиката е специјалност во стоматологијата која вклучува дијагностицирање, планирање на третман, рехабилитација и одржување на оралните функции, здравјето и естетиката кај пациентите со изгубени заби.

Препорачуваме коронки:

– за заштита на оштетени заби од фрактури
– реставрирање на оштетени заби
– покривање на забите со неправилна морфологија или боја
– покривање на заби лекувани од длабок кариес каде што е мал остатокот од природниот заб
– служат како носачи на мостови
– покривање на имплант

Колку долго траат коронките? Со добра орална хигиена коронките можат да траат доживотно, единствено можат да се разлабават или да испаднат доколку забот носач врз кој лежат се оштети од кариес или појава на парадонтална болест. Забите со коронки не бараат никаква посебна нега, освен регуларните дневни хигиенски, четкање на забите два пати дневно по 3минути И плакнењето со антибактериска течност. Исто така потребни се регуларни посети и контроли на стоматолог и неопходно е професионално чистење за да го одржувате вашето оптимално орално здравје.

Дентални мостови, зошто?

– Обновете ја насмевката
– подобрете го говорот и мастикацијата
– одржувајте ја правилната структурата на лицето
– заштитете ги преостанатите заби

 

Д-р Катерина Сиљаноска – стоматолог

Сподели

Напишете коментар