Новости

НЕУРОМЕДИКА – официјален партнер и медицинско обезбедување на фудбалскиот камп на Фондацијата „Реал Мадрид“ во Македонија!

Болницата НЕУРОМЕДИКА стана официјален партнер на компанијата „Спорт Арена“ која доби можност да биде лиценциран партнер на Real Madrid Fundation Campus Experience.

Фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.

По денешната официјална средба на Генералниот директор на Неуромедика – д-р Емил Угриновски и г-дин Влатко Тодев, претставникот на компанијата „Спорт Aрена“, НЕУРОМЕДИКА официјално стана спонзор на кампот.

Како што изјави генералниот директор на Неуромедика – д-р Емил Угриновски, на сите учесници ќе им бидат обезбедени целосни медицинско – специјалистички прегледи пред почетокот на кампот, а воедно и целосна медицинска грижа целиот период додека трае овој настан. Учесниците ќе имаат медицинска грижа од врвни лекари специјалисти, физиотерапевти и останат медицински персонал.

Сподели

Напишете коментар