Новости

МОЌТА НА ЗБОРОВИТЕ

Затворете ги очите и замислете дека во раката држите половина лимон. Замислете го лимонот што е можно по детално. Неговата богата жолта боја и специфична арома. Го притискате полека како да сакате да го исцедите во шоља топол чај. Но наместо тоа го загризувате со предните заби .Еднаш, двапати, трипати ја одгризувате киселата содржина додека сокот се цеди во вашата уста и лицето Ви се збрчкува од интензивниот вкус. Го вшмукувате секој дел од ткивото и пулпата. Со секој гриз вкусот станува се поинтензивен и лицето се по скиселено и збрчкано. И така се додека не остане само кората. Сега отворете ги очите и забележете ја промената во количината на плунка во вашата уста. Вашето тело реагира како да сте ја изеле половинката лимон.

Но каде е лимонот ?

Секој збор што си го кажуваме себеси испишува сценарио на кое нашето тело, мозок и психа напорно работат да го претворат во наша  реалност.

Ние сме  креатори на нашите мисли,  и за возврат нашите мисли не прават тоа што сме .

Внимателно одбирајте ги зборовите кои си ги кажувате себеси . Тие го дефинираат не само нашето психичко здравје туку и физичко.

 

Зоран Костов

Психолог/психотерапевт

Сподели

Напишете коментар