Новости

Mедицинскиот тим на Неуромедика постави нов рекорд на успешно обавен санитетски транспорт на пациент од болницата St. Pölten – Австрија до Скопје!

Mедицинскиот тим на Неуромедика постави нов рекорд на санитетски транспорт на пациент од болницата St. Pölten во градот Sankt Pölten- Австрија до Скопје со поминати 1.140 км во рок од 15 часа. Нашата медицинска екипа помина вкупно 2.280 км со релација Скопје – Sankt Pölten – Скопје, од кои Sankt Pölten – Скопје (1.140 км) поминати со пациент во екстремно ризична состојба со временски период од 15 часа.

Станува збор за политрауматизиран пациент во животно загрозувачка состојба, во хипотермија со фрактура на лева клучна коска и сериска фрактура на ребра. Со серизона градна фрактура пропратена со контузија на глава и бели дробови и повреда на колено и подколено.

Целокупната горенаведена состојба на пациентот е високо ризична и бара високостручен обучен кадар за следење и реагирање при настанување на можни несакани компликации. Пациентот беше транспортиран со две централни линии, уредно мониториран со следење на витални параметри и сатурација.

Во текот на транспортот еволуирана е состојбата по ABC принцип и Гласков кома скала (GSC). Во текот на 15 часовниот транспорт на пациентот му е давана соодветна терапија според протоколи.

Медицинскиот тим на Неуромедика, составен од д-р. Драгана Костеска главна мед. сестра Марина Сапунџиева и возачите Ненад Златковиќ и Небојша Јовановски на високо професионално ниво го реализираа транспортот со најсовремено опремено амбулантно возило и специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти надвор од Р.Македонија.

Неуромедика – Партнер на Вашето здравје!

Сподели

Напишете коментар